Несоница - проблем на современиот човек

доктор на медицина

Што претставува циклусот на сон и будност?

Тоа е состојба која подлежи на дневно-ноќен ритам,  регулирана од страна на големиот мозок, таламусот, различни хормони и нервротрансмитери продуцирани од хипоталамусот, и надворешни влијанија.

Мозокот има потреба од сон, затоа што сонот е начин да се обноват функциите на нервниот систем. Сонот е активен процес  во кој се ангажираат различни органи и системи вклучително и нервниот систем.

 

Во зависнот од нивното ангажирање за време на сонот се разликуваат два типови/фази сон:

  • Сон без брзи движења на очите  (ортодоксален сон) - NREM (Non-Rapid Eye Movement). Се состои од четири стадиуми, од кои 1-виот и 2-риот стадиум се површен, додека 3-тиот и 4-ти стадиум се длабок сон. Во тек на NREM фазата се следи пад на крвниот притисок со лесно намалување на срцевата фреквенција и намалување на фреквенцијата на дишењето.
  • Сон со брзи движења на очите (парадоксален сон) - REM (Rapid Eye Movement). Се појавува после NREM фазата. Во оваа фаза се појавуваат соништата. За време на REM фазата на сонот, мозочниот крвоток и потрошувачката на кислород се посилно изразени.

 

Нарушувањето на сонот е патолошка состојба која се нарекува несоница или инсомнија

Од несоница страда 1/5 од населението во светот. Несоницата се случува скоро на секој човек во одреден стадиум од неговиот живот. Со возраста несоницата се појавува многу почесто и поактивно. Почесто страдаат жените од мажите. Повеќето луѓе кои страдаат од несоница имаат преживеано краткотраен стрес во тек на животот или страдаат од некоја форма на депресија. Луѓето кои страдаат од несоница тешко заспиваат или се пробудуваат неколку пати во тек на ноќта при што се неспокојни и полубудни.

За  несоница може да се зборува ако во текот на ноќта повеќе од еден час не можеме да заспиеме, често се пробудуваме и чувствуваме неспокој, при што другото утро стануваме многу рано иако сме легнале доцна во ноќта.

  •  

Поделба и причини за настанување

Несоницата се дели на

  • Акутна - која трае пократко од еден месец и
  • Хронична - која трае подолго од еден месец

 

Причини за појава на акутна несоница:

  • Поединечни стресни ситуации
  • Период на емоционален стрес
  • Акутна болест
  • Времена болка или дискомфорт
  • Нарушување на сонот причинето од промена на креветот, шум, светлина

Овој тип несоница иако обично поминува за помалку од еден месец, создава тегоби -во текот на денот обично ни е тешко да се контролираме себеси, имаме потешкотии во возењето и сме неефективни на работното место.

 

Причини за хронична несоница:

  • Психички проблеми, депресија, гнев, раздразливост и др. се основни причини за појава на несоница кај возрасните
  • Лоши животни навики - гледање телевизија до доцна во ноќта, непостојан режим на легнување, страв дека нема да можете да заспиете
  • Здравствени проблеми- тешко дишење, срцеви болести, хормонални причини, болести на дигестивниот тракт, хронична болка, хиперактивна тироидна жлезда, Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест и др.
  • Користење на стимуланти - кафе, цигари, енергетски пијалоци
  • Злоупотреба со алкохол и користење на  наркотици  (се мисли на дејството на алколхолот како депресант на мозокот, иницијалното траење на неговото дејство е кратко, но со тек на времето кај лицето се развива зависност и истото не може да запие ако не консумира алкохол).
  • Недостаток на физичка активност

За да може да се одреди третманот на несоницата треба да се насочиме кон откривање на причините. Доколку во нејзината основа лежат здравствени проблеми треба да се откријат и леекуваат истите.

 

Совети и лекување

Неколку совети за промена на начинот на живот можат да помогнат за подобрување на сонот и подобрување на симптомите на депресија:

  • практикувајте медитација (тивка музика или читање книга го подобрува степенот на релаксација пред легнување
  • вежбајте јога
  • не комсумирајте кофеин, алкохол и никотин навечер. Наместо тоа консумирајте чаеви кои го подобруваат сонот, како на пр. чај од липа, камилица и др.
  • не ја користете ја спалната соба за гледање телевизија или читање книга
  • практикувајте топол туш или купка пред спиење - тоа може да биде од голема корист
  • традиционална кинеска медицина со примена на акупунктира
  • топло млеко, затоа што содржи високо ниво на триптофан, супстанца која е природен седатив

 

Кога е индицирано од страна на лекар, користење на психотерапија во комбинација со медикаментозна терапија може да биде високо ефективен метод за лекување на несоницата. Антидепресивите на пр. ги смируваат симптомите на тага и депресија. Во други случаи пак може да биде потребно да се користат лекарства со хипнотичко и седативно дејство. Психотерапијата допринесува за подобрување на способностите за справување и спречување на идните епизоди на депресија, и помага да се пребродат проблемите со сонот.

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

повеќе за авторот >>>

 

www.doktori.mk, 20.02.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина