Доктори.мк | Доктори.мк - 365 дена со вас | doktori.mk-365-dena-so-vas-prv-rodenden | Портал за медицина и здравје

Доктори.мк - 365 дена со вас

Почитувани пријатели,

Поминаа 365 извонредни дена.

Иако идејата за ваков портал се роди уште пред 3 години, успеавме да ја реализираме пред точно 365 дена. Не беше лесно, мора да признаеме. Потребна беше огромна пожртвуваност, и секако потребно беше сето слободно време. :-) Но, во ниту еден момент не се поколебавме. Со максимална организираност и уште поголема мотивираност успеавме да го оживееме нашето мото - живеј мудро, живеј здраво и да создадеме портал во кој веруваме. Портал со современ дизајн и оригинален концепт. Но, пред се, портал кој нуди есенцијални содржини. Портал од кој може да се учи, портал кој ќе ви помогне и ќе ве води во најважниот сегмент од животот - здравјето.

Сето тоа немаше да биде можно без нашите пријатели и соработници - тимот на Доктори.мк. Неколкумина од нив го пробија мразот, први поддржувајќи ја нашата иницијатива и го отворија патот за сите останати кои сакаат да учествуваат во создавањето на најголемата македонска електронска мрежа на доктори и здравствени работници. Тимот од над 70 исклучително креативни, талентирани и амбициозни автори е нашето огниште, енергијата на Доктори.мк.

Знаеме дека сме на вистинскиот пат:

  • Кога во електронското сандаче стигнуваат писма од поддржувачите на Доктори.мк;
  • Кога ќе прочитаме дека советите помогнале некому, дека сме направиле позитивна промена во нечиј живот;
  • Кога се приклучуваат нови доктори, збогатувајќи го моментално најголемиот авторски веб тим во Македонија;
  • Кога ќе погледнеме кон фактот дека според Facebook сме омилениот македонски портал за медицина и здравје;
  • Кога статистиките сведочат дека секојдневно се зголемува бројот на читатели.

Затоа,

На сите вам, кои верувате во она што го работиме - пред се ви благодариме! Инспирирани токму од вас продолжуваме понатаму - уште поенергично, уште подинамично и уште покреативно. И во наредната година очекувајте не со нови, свежи и корисни содржини.

Читајте ги статиите, разговарајте на форумот, пребарувајте доктори преку локаторот. Пишувајте ни совети, предлози, критики - добредојдени се! Едноставно, бидете дел од нашата приказна за здрав живот.

 

Заедно со нас и во наредните 365 извонредни дена живејте мудро и здраво!

Ваши, уредниците:

д-р Бојан Шешоски

д-р Благоја Стефановски

Виктор Митревски

Никола Пејоски

 

 

www.doktori.mk, 09.02.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости