Убод од пчела, оса или стршлен

специјализант по општа хирургија

Во групата на токсични убоди како најчести се вбројуваат оние од пчелата, осата и стршленот.

Убодниот апарат на овие инсекти се наоѓа на задниот долен дел на стомакот.

При убодот осилото се откинува од телото на инсектот и останува забодено во кожата.

Она што е многу интересен податок е фактот дека осилото има многубројни влакненца кои претставуваат еден вид на резервоар на отровот. Овој отров се ослободува во времетраење дури од неколку минути по убодот.

По состав отровот претставува раствор од амини, пептиди и бројни ензими. Дејството на отровот врз човековиот организам е алергиско или токсично.

 

Клиничка слика (симптоми):

Кај несензибилизирани особи локално се јавува:

  • Црвенило (еритем);
  • Уртикарна папула;
  • Болка;
  • Печење.

Доколку се работи за повеќе убоди, во период од 15 минути, се јавува: мачнина, гадење, периорбикуларен едем, перибронхијален едем и ларингоспазам. Токсинот кај сензибилизирани личности може да предизвика и анафилактичен шок.

Понатаму, се јавуваат и грчеви на локалната мускулатура, како и инфаркт на миокардот кај лица кои претходно немале срцева слабост.

Токсинот ги напаѓа и бубрезите, манифестирајќи се со олигурија, водејќи кон тубуларна некроза.

 

Терапија:

  • Се вади осилото;
  • Локално се става мраз;
  • Во медицински установи може локално да се аплицира анестетик лидокаин.

При системска реакција (анафилакса) се ординира:

  • Епинефрин 1:1000 во доза од 0.3-0.5 мл супкутано;
  • Тетабулин (САТ).

Тука се покажало дека антихистаминиците имаат подобар ефект од кортикостероидите.

 

 

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

останати статии од авторот > > >

www.doktori.mk, 08.02.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина