Bacillius F - бактерија која ќе ни го продолжи животот!?

студент по медицина

Оваа бактерија е откриена во подрачјето на планината Мамонтова во регионот Јакутија,  на вечниот лед на Сибир објавила  (RAN) Руската академија на науките.

Руските научници  објавиле дека бактерија која неодамна е пронајдена во подрачјето на  Сибир би требало пред се  да помогне при успорување на процесот на стареење и продолжувањето на човечкиот животен век.

Оваа бактерија  многу се разликува од останатите бактерии.  Пред се се разликува во еволуциска смисла бидејќи се смета дека заостанува дури 3 милиони години позади сличните бактерии.  Специфични  карактеристики бактеријата поседува и во структурата на протеинот од кој што е изградена . И некои други фактори кои ги поседува Bacillius F ја прават  поразлична во својата структура и дејство.

Научниците од сибирскиот оддел на RAN  сметаат дека Bacillius F  веројатно има некои механизми за зачувување на животните активности бидејќи бактеријата е пронајдена во подрачјето на вечниот лед каде и успешно е  зачувана. Bacillius F  се размножува на само 5 степени Целзиусови .Тие се восхитени од отпорноста на оваа бактерија  земајќи го во предвид опкружување во кое се наоѓа – пред се ниската температура.

Направени се многу експеримети за да се докаже дејството на Bacillius F. Бактеријата била инјектирана во мускулите на лабораториските глувци. По нејзиното инјектирање на лабораториските глувци им бил подобрен  имунитетот и им се забрзал метаболизмот . Тестовите покажале дека метаболизмот кај тие глувци се зголемил за 20-30%. Најбитниот факт што го покажале лабораториските тестови  е дека не само што бактеријата влијаела на квалитетот на животот, туку бил  успорен и процесот на стареење. Научниците се уверени дека оваа бактерија би можела да влијае и на смалување на старечкото слепило. Meѓутоа се смета дека Bacillius F  не може да го спречи  настанување на туморите и да го спречи нивниот понатамошен раст.

Глувците  просечно  живееле 589 денови а по инјектирањето на Bacillius F  нивниот  живот се продолжил за 308 денови подолго, односно животниот век им бил околу 906 денови објаснуваат научниците . Toa е исто како просечниот човечки живот да се продолжил на 140 години, објасниле научниците.

Научниците од  Руската академија на науките сеуште работат на откривање на се повеќе позитивни влијаниа на Bacillius F  врз организмот . На нас останува  да се надеваме дека дејството на оваа бактерија може да ни  го продолжи  животниот век до 140 години и повеќе.

 

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

повеќе за авторот >>>

www.doktori.mk, 31.01.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости