Амброксолот го олеснува искашлувањето

доктор на медицина


Што претставува Амброксол?

Aмброксол* е лек кој се користи во третман на респираторни болести асоцирани со жилав и прекумерен мукус. Тоа е мукоактивен лек со секретолитичка и секретомоторна способност, кој игра важна улога во одбранбените механизми на човекот. Стимулира синтеза и ослободување на сурфактант. Сурфактантот делува на тој начин што ја намалува адхезијата на мукусот за бронхијалниот ѕид, подобрувајќи го неговиот транспорт и со тоа обезбедува заштита против инфекции и иритирачки агенси.

Овој лек е индициран кај бронхопулмонални заболувања кои се асоцирани со абнормална секреција на мукус и негов пореметен транспорт. Го потпомога исфрлањето на мукусот, го олеснува искашлувањето и продуктивната кашлица, со што го продлабочува и олеснува дишењето кај пациентите.

Амброксолот исто така овозможува намалување на болката која се јавува при акутна ангина на грлото. Многу од најсовремените испитувања ја имаат докажано ефикасноста на амброксолот во намалувањето на болката кај акутна ангина, со брз почеток на делување и долготрајност на ефектот од најмалку 3 часа. Антиинфламаторните својства на амброксолот доведуваат до намалување на црвенилото кај пациенти со ангина на грло.

Лекот започнува да делува во рок од 30 минути.

Амброксолот е докажан и ефективен експекторанс. Овозможува налепената слуз многу полесно и побрзо да се отстрани од респираторниот систем преку појачување на бронхијалната секреција. Исто така ги поттикнува и ослободува цилиите (мали влакненца кои го обложуваат респираторниот тракт), кои потоа ја исфрлаат абнормалната слуз со помош на камшичести движења.

Амброксолот е агенс со долга традиција кој се докажал како ефективен експекторанс во третманот на продуктивна кашлица. Како еден од главните лекови од својата терапевтска група е достапен во многу земји ширум светот.

Начин на дејстување

Амброксолот ја прави слузта во дишните патишта поразредена и помалку леплива, им помага на цилиите да ја транспортираат слузта надвор од белите дробови. Понатаму го потпомага прочистувањето на респираторниот тракт. Го олеснува искашлувањето, ја олеснува продуктивната кашлица и помага во надминување на инфекциите. Истовремено го подобрува и транспортот на слуз преку намалување на нејзината вискозност и со активирање на движењето на цилиите.

Затоа, амброксолот помага не само во олеснување на симптомите, туку и во излекувањето на продуктивната кашлица.

Клучните ефекти на овој лек се следните:

1. Започнува да делува во мукозно-секретирачките клетки, каде ја менува вискозноста на мукусот. Полесниот, потечен мукус помага во отстранување на тешката леплива слуз од ѕидовите на дишните патишта.

2. Ги ослободува и активира цилиите. Тие се движат слободно со што потпомагаат во отстранување на слузта од респираторниот тракт.

3. Не влијае на нормалниот механизам на кашлање. Ова е многу важно бидејќи кашлањето е потребно за да се исфрли вишокот на слуз од дишните патишта.

4. Амброксолот со години има докажана безбедност и ефикасност.

Индикации

Амброксол се користи во третманот на продуктивна кашлица. Преку разредување на лепливата слуз и олеснување на експекторација, го потпомага прочистувањето на респираторниот систем и со тоа помага во надминување на инфекците во бронхиите.

Мерки на претпазливост

Не се препорачува за време на првото тримесечие од бременоста.

Често поставувани прашања

  • Кои се предностите на Амброксол?

 Тој е најчесто продаваниот лек против кашлица, познат по својата ефикасност ширум светот. Бенефитот од ефектот на амброксол е видлив веднаш по неговото земање. Мазен, протективен филм ја покрива иритираната мукозна мембрана во грлото. Ова ја смирува и олеснува иритацијата во грлото.

  • Дали е нормално да се јави зголемена секреција во првиот ден од отпочнување на терапија со амброксол?

Да. Експекторантите помагаат во побрзо и полесно отстранување на лепливата слуз од бронхиите преку зголемувањето на помалку вискозната бронхијална секреција.

  • Дали има брзо отпочнување на дејството?

Амброксолот има смирувачки ефект врз грлото кој е евидентен веднаш откако ќе се земе сирупот. Мазен заштитен филм веднаш ја покрива иритираната мукозна мембрана, со што се смирува и олеснува иритацијата.

  • Може ли да се користи од страна на луѓе со дијабет?

Да. Амброксол е погоден за користење од страна на луѓе со дијабет. Количината на калории содржани во максималната дневна доза на овој продукт не влијаат значајно на вкупните калории кои пациентите со дијабет можат да ги внесат.

  • Дали може да се користи кај деца?

Без консултација со лекар се препорачува кај деца над 2 години. Секако прво добро прочитајте го упатството или консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт доколку имате некои прашања.

  • Доколку имам непродуктивна кашлица за време на настинка или грип дали може да земам амброксол?

Да, можете - особено во текот на денот, за да се помогне во олабавување на лепливата слуз.

повеќе за авторот > > >

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

*Овој лек е достапен и во нашата земја. Повеќе информации може да прочитате во официјалниот регистар на лекови на следниот линк > > > 

www.doktori.mk, 17.01.2012

Последна вест

Најчитани статии - фармација