Пременструален синдром (PMS – Premenstrual Mood Swings)

студент по медицина

Дефиниција

ПМС сe однесува на збир на физички, бихејвиорални или емоционални симптоми кои се стремaт да започнат во втората половина од почетокот на менструалниот циклус (од 14 ден) или многу рано уште по првиот ден од вашата последна менструација. Симптомите обично завршуваат кога менструалниот циклус ќе започне или кратко време потоа.

Етиологија

Точната причина за ПМС се уште не е јасно дефинирана. Се смета дека е поврзан со социјални, културни, биолошки и психолошки фактори. Флуктуациите во циркулирачкиот естроген и прогестерон предизвикуваат ефекти врз неуротрансмисијата во централниот нервен систем, посебно во серотонинергичните, норадренергичните и допаминергичните нервни патишта.

Проценето е дека овој синдром афектира 75 % од жените во нивниот генеративен период. Почесто се јавува:

  • Помеѓу доцните 20-ти и раните 40-ти години;
  • Кај жени кои имаат барем еднo дете;
  • Со лична или семејна историја на тешка депресија;
  • Со историја на постпартална депресија;
  • Историја на анксиозно нарушување во семејството.

Физички симптоми

  • Подуеност на стомакот;
  • Зголемена чувствителност на градите;
  • Главоболка;
  • Опстипација или дијареа;
  • Помала толеранција на светлина и звуци;
  • Несмасност;
  • Зголемена желба за одреден вид на храна.

Психички симптоми

  • Збунетост;
  • Отежната концентрација;
  • Замор;
  • Чувство на тага и безнадежност;
  • Чувство на напнатост и анксиозност;
  • Раздразливост, непријателско и агресивно однесување со изливи на бес кон себе и кон околината;
  • Нарушено спиење;
  • Чувство на вина и страв;
  • Неправилно проценување.

Важно е пратење на состојбата во тек на 3 месеци, појавата на симптомите, нивниот интензитет и времетраење. Тоа ќе му помогне на вашиот лекар да постави точна дијагноза и да препорача соодветен третман.

Третман

  • Здравиот начин на живот е првиот чекор за управување со ПМС. За многу жени со благи симптоми, здравиот начин на живот е доволен за контрола на симптомите.
  • Внесувајте многу течности (вода или џус, a избегнувајте безалкохолни пијалоци со кофеин или друг вид пијалoци) главно со цел да се намали подуеностa, задршката на течности и другите симптоми.
  • Хранете се често. На секои 3 часа внесувајте мали оброци за да се избегне прејадување.
  • Избегнувајте внес на многу солена храна, шеќери, кофеин и алкохол.
  • Редовни аеробни вежби помагаат да се намали интензитетот на ПМС-симптомите.
  • Направете промена на вашите животни навики на спиење. Неопходен е редовен и здрав сон.
  • Вашиот лекар може да ви препорача додатоци во исхраната. Вообичаено се користат Витамин Б6, калциум и магнезиум. Триптофанот кој се наоѓа во млечни производи, исто така може да биде корисен.
  • Аспирин, Ибупрофен и други Нестероидни Антиинфламаторни лекови (НСАИЛ) можат да ви бидат препишани од страна на вашиот лекар доколку имате значајни главоболки, болки во грбот, менструални грчеви и зголемена чувствителност на градите.
  • Диуретици – корисни се при поголема задршка на течност во организмот, подуеност на стомакот, зголемена чувствителност на градите и зголемување на телесната тежина.
  • Бромокриптин, Даназол и Тамоксифен се лекови кои привремено се користат за ослободување од болката во градите.

Закажете преглед кај вашиот гинеколог доколку:

1. Симптомите не се повлекуваат со промените на животните навики;

2. Симптомите се толку сериозни што го ограничуваат вашето секојдневно функционирање.

Компликации

Симптомите можат да станат доволно силни за да спречат жените да функционираат нормално. Жените со депресија може да имаат повеќе тешки симптоми во текот на втората половина на нивниот циклус. Стапката на самоубиства кај жените со депресија e многу повисока во текот на втората половина од менструалниот циклус.

Превенција

  • Промените во животниот стил често се препорачуваат за лекување на ПМС симптомите;
  • Во прв ред - редовно вежбање и конзумирање балансирана храна (зголемување на внес на интегрални житарки, зеленчук, овошје и намален внес на сол, шеќер, алкохол и кофеин);
  • Редовен одмор.

 

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Останати статии од авторот >>>

www.doktori.mk, 14.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина