Повторно сме во сезоната на празниците. Прво Нова година, денес е Божик, а следат и други празници кои се слават на ова поднебје. Едноставно јануари знае да биде најинтересниот месец во годината. Прашањето е како може да избегнеме да ставиме на нас некој килограм повеќе, а истовремено добро да се забавуваме? Следат неколку совети за тоа како да ја зачувате својата линија и своето здравје, а да не се лишите од добриот помин во периодот на празници.
Послужете се со убав пијалок, десерт, чоколадо или колачи без да чувствувате грижа на совеста, но секогаш внимавајте на количините. Јадете во мали количини. На овој начин можете да ги пробате сите убави јадења. Умереноста во исхраната е секогаш клуч на здравјето.
Лимитирајте го внесот на мрсната, висококалорична храна
Не се прејадувајте со пржена храна, крем супи, торти, мрсни пити и обработени месни производи, како чајни, салами и сланина. Овие празнични денови се исполнети со ваква понуда на храна.
Таков е периодот. Едноставно и оние кои цела година не консумираат воопшто алкохол, сега можат да се видат со чашка вотка во раката. Сепак, имајте на ум дека алкохолот претставува висококалоричен пијалок без никаква хранлива вредност. Затоа, не претерувајте.
Ако веќе се решите да преминете преку претходниот совет, пијте повеќе вода. Алкохолот го дехидрира организмот па пиењето поголеми количини на вода е добро за враќање на балансот во него.
Покрај сите тие забави, јадење и пиење, пробајте да не се залежите. Правете прошетки со вашите најблиски. Почувствувајте ја празничната атмосфера. Не дозволувајте студеното време да ве одврати.
Б.С.
p style="text-align: right;">
објавено 2012-01-07 обновено 2013-01-04