Народни рецепти за чир

студент по фармација

Кога луѓето кажуваат дека имаат чир, скоро секогаш мислат на внатрешна рана на слузокожата на желудникот или на дванаестопалечното црево. Овој вид на чир се нарекуваат пептичен чир или улкус, затоа што настанува на места кои се изложени на дигестивниот ензим пепсин.

Не толку одамна, научниците мислеле дека чиревите се добиваат од нервоза, но сега знаеме дека освен нервозата еден од главните фактори кои предизвикува чир е присуството на бактеријата Helicobacter pylori. Студиите покажале дека повеќе од 75% заболени од чир имаат бактерија Helicobacter pylori.

Денес лекарите, за чирот предизвикани од оваа бактерија препишуваат комбинација од лекови кои се земаат три недели.

 

Рецепти од народната кујна

Покрај лекарствата можете да си помогнете во лечењето на чирот и преку храната, приготвувајќи си одличен овошен коктел, супа или чај. Во прилог неколку рецепти:

1. Овошен коктел за лечење на чир

  • Банана
  • Ананас
  • Боровинки
  • Цимет
  • Сецкан
  • Kаранфил
  • Сецкан ѓумбир
  • Мед (по желба)

 

Исецкајте ги бананата и ананасот ставете ги во чинија за десерт и додајте боровинки. Потоа зачинете ги со цимет, каранфил и ѓумбир а потоа по сопствена желба засладете со мед. Ова можете да го направите и со мешање на сок од боровница, ананас и банана со што ке ги додадете горе наведените зачини. Иако ви е тешко да за ова убаво задоволство размислувате како за силен лек, сепак овој коктел е всушност тоа.

 

2. Лековити чаеви

Можете да направите чај од Невен кој има антибактериско антивирусно и имуностимулативно дејство. Оваа билка освен за чиреви, доста е ефикасна и за гастритис.

Камилица широко користена во Европа како дигестивно помошно средство, поради своите антиинфламаторни, антисептични, антиспазолитични својства.

 

3. Супа од зелка за лечење на чир

  • 3 филџани вода
  • 2 филџани исецкана зелка
  • 1 филџан исекан целер
  • 1 филџан исецкан компир
  • ½ филџан исецкан кромид
  • ½ филџан исецкана зелена пиперка
  • Мелен ѓумбир
  • Мелен црн бибер
  • Мелен цимет ( по желба)
  • Мелено каранфилче ( по желба)

Ставете ги водата, зелката, целерот, компирот, кромидот и пиперката во сад за супа. Оставете да проврие, и почекајте додека зеленчукот не омекне. Потоа по свој вкус зачените со ѓумбир, црн бибер, цимет ( доколку го користите) и каранфилче ( доколку го користите).

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

останати статии од авторот >>>

 

споделете ги вашите искуства во форум: Исхрана 

www.doktori.mk, 29.12.2011

Последна вест

Најчитани статии - исхрана