Исхраната и хороскопските знаци

студент по медицина

Kако треба да се храните според вашиот хороскопски знак, за да го одржите своето здравје? Следуваат интересни информации за правилната исхрана според хороскопскиот знак. На крајот на краиштата, астролошкиот профил може да ги одреди сите наши карактеристики.

Водени знаци: Рак, Скорпија и Риби

Кај водените знаци најголемо влијание имаат репродуктивниот и лимфниот систем, како и телесните течности: крв, лимфа и плунка. Водата го прочистува и освежува телото. Водените знаци се многу чувствителни на околината, особено на бактерии, габи и вируси. Најчесто здравствените проблеми им се поврзани со емоциите, затоа што лесно ја собираат негативната енергија од другите околу нив. Секогаш мислат дека нештата се пострашни отколку што се, а проблемите често им се повторуваат.

Влијанието на поголемото количество на вода кај луѓето родени во овие знаци најчесто се манифестира со бавен метаболизам, лоша дигестија и слаба апсорпција. Со овие проблеми најдобро можете да се справите доколку го забрзате метаболизмот, преку исхраната и зголемувањето на физичката активност.

Застојот на вода може да се манифестира како: цисти, тумори или отоци, но некогаш и како зголемување на телесната тежина. Се препорачува почесто да се јаде: овошје, грав и варен зеленчук. Треба да се избегнуваат: млечни производи, леб, сол, масна храна, слатки итн. Добро и лековито дејство имаат: мајчина душичка, босилек и жалфија; како и магдоносот и лукот.

Помалото количество на вода кај луѓето со ваква конституција се манифестира како проблем со исфрлањето на токсините од системот и недоволната лубрикација. Најчесто ги мачи вкочанетост, дехидратација и несоница. Се препорачува да се внесуваат: млечни производи и природни шеќери, пченица, ориз и овес. Не се препорачуваат: грав, моркови, целер, зелка и аспарагус. Лековито дејство имаат медот и овошните сокови.

 

Земјени знаци: Бик, Девица и Јарец

Кај лицата родени во овие знаци владеат скелетниот и елиминаторните системи. Земјениот елемент е клучен фактор за растот, репродукцијата и регенерацијата на ткивата. Најчесто имаат проблеми со телесната тежина, неправилното функционирање на жлездите и растот на туморите. Тешката храна и прејадувањето дополнително се влошуваат со недоволното вежбање и намалената физичка активност. Овие луѓе најчесто имаат убави и силни заби. Отпорни се кон настинки и грипови.

Поголемото количество на земја носи поголема тежина на телото, побавно извршување на функциите и тешко справување со инертноста. Дигестијата и метаболизмот се бавни, со што се зголемува густината на ткивата. Треба да се консумираат: овошни салати, варен зеленчук со зачини, сокови, супа и чај. Треба да се избегнува тешка храна. Лековито дејство имаат лутите зачини, како ѓумбир, бибер и црвен пипер.

Помалото количество на земја кај овие луѓе има тенденција истите да си го игнорираат телото. Потребна им е рутина која ќе ги стабилизира и ќе им даде чувство на сигурност бидејќи немаат добар инстинкт за тоа што им е потребно. Потребно им е повеќе спиење и одмор. Во исхраната треба се се внесуваат повеќе: млечни производи, месо, компири, нерафинирани житарки, коренести плодови, шеќер, масло итн. Треба да се намали внесот на овошје и сирова храна. Лековито влијаат: алги и минерали, женшен и астрагал.

 

Огнени знаци: Овен, Лав и Стрелец

Огнот влијае на внатрешното согорување или варењето на храната. Тој го прочистува организмот преку согорување на токсините, вирусите, бактериите и габите. Луѓето од овие знаци полесно се справуваат со болестите. Според конституцијата се склони кон висока температура.

Поголемото количество на оган се јавува кога се соочени со престимулација и имаат поголема тенденција кон прегорување. Вишокот оган доведува до нетрпение, гнев или физички се манифестира со хипертензија, проблеми со срцето, чир и воспаленија. За подобрување на оваа состојба потребна е храна која е студена, влажна и тешка, или пак храна која побавно се вари и е богата со енергија како житарки и коренест зеленчук. Не се препорачуваат зачинета храна и црвено месо. Лековито влијание имаат: камилица, маточина, шлемник и валеријана.

Помалото количество на оган се манифестира со потешкотии во справувањето со болестите. Дигестијата и апсорпцијата на храната се несоодветни. Треба да се јаде жешка, лесна, сува и ароматична храна, а да се избегнува студената храна. Се препорачува: лимон, јогурт, кељ, сенф. Треба да се избегнува внесот на млечни производи и месо. Лекови кои помаат во подобрување на дигестијата, дигестивни стимуланси, се: црвениот пипер, сенфот, циметот, лукот и ѓумбирот.

 

Воздушни знаци: Близнаци, Терезија и Водолија

Воздухот најмногу влијае на нервниот и циркулаторните системи, како и на функциите на: движење, уринирање и дишење. Луѓето родени во овие знаци лесно се стимулираат, имаат брзи и екстремно чувствителни умови и лесно можат да го загубат балансот.

Преголемото количество на воздух ги мачи воздушните знаци при преголема стимулација. Тогаш се јавуваат: хиперактивност, неуморност, чувствителност и нервоза, како и сува кожа, коса и слузокожа. Може да дојде и до несоница и губење на помнењето, но и преоптоварување на целиот систем. Потребно е привремено смирување со минимална стимулација, за системот да има доволно време да се стабилизира. Се препорачува исхрана како: зеленчук, јаткасти плодови, нафора итн. Не се препорачуваат: жива храна, житарки, коренести плодови, храна со квасец и рафиниран шеќер. Лековито дејство имаат ензимите кои помагаат при апсорпцијата на хранливите материи.

Помалото количество на воздух, односно кога воздушниот елемент е на ниско ниво, доведува до потешкотии при протокот на енергијата низ телото. Ослабениот нервен систем има корист од минерали, како што се калциум и магнезиум и циркулаторни стимуланси. Се препорачува да се консумира: црвен пипер, лук, ѓумбир и јогурт. Лековито дејство и подобрување има при примена на ангостура.

 

Заклучок: Здравјето влегува преку уста!!!

 

Останати статии од авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 27.12.2011

Последна вест

Најчитани статии - занимливости