Намалете ја јачината на звукот

Постојат цврсти научни докази дека силниот звук му штети на здравјето.

Тој индиректно поттикнува настанување на многу проблеми – агресивност, несоница, намалено внимание и психички стрес.

Една студија направена во Германија покажала дека во земјата годишно се случуваат околу 1600 физички и вербални напади помеѓу луѓе, за кои како причина се посочува вревата во сообраќајниот метеж.

Добра вест е дека дури и кратки периоди на одмор во тишина – како што е практикувањето на медитација, може да ги поништат горенаведените штетни ефекти на силниот звук и вревата.

 

други совети >

www.doktori.mk, 28.01.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил