Извлечете максимум од свежите салати

Знаеме дека зад преубавите бои на свежите плодови се крие ризница на антиоксиданси, витамини и минерали. Затоа и препорачуваме свежите салати да бидат неизоставен дел од трпезата.

Но што е со сите оние преливи кои често ги ставаме во салатите?

За нив треба да се знае дека се скриен извор на калории, заситени масти и сол. Доколку не можете да одолеете на преливот, бидете барем умерени. А кога сте во ресторан, замолете преливот да ви го донесат одделно од салатата.

кон претходните совети >

www.doktori.mk, 21.01.2012

Последна вест

Најчитани статии - исхрана