Зошто ракот се јавува во поодминати години?

Дипломиран радиолошки технолог, студент по фармација

Малигните неоплазми денес во светот, па и кај нас, претставуваат посебен проблем поради зачестеноста на нивното јавување. Факт е дека денес поради подобрите услови за живот и повисоката здравствена култура се продолжува векот на луѓето и старосната граница е поместена повисоко. Тоа значи дека се зголемува бројот на повозрасната популација кај која малигните неоплазми се позастапени, па од таму е зголемен и бројот на оваа категорија болни. Зошто е тоа така? За да ја разјасниме оваа дилема, прво накратко ќе се обидеме да ги доловиме карактеристиките на малигните тумори.

Карактеристики на малигните тумори

Малигните тумори се вид на тумори кои сраснуваат во околното ткиво, растат многу бргу и се шират низ организмот. Нивното ширење се должи на фактот што тие имаат својство да сраснуваат во крвните или лимфните садови, па преку крвен или лимфен пат се пренесуваат во соседните органи. Понекогаш овие пренесени делови од туморите, т.н. метастази, може да се најдат и во сите органи на болниот.

Зошто ракот се јавува во поодминати години?

Одговорот на ова прашање треба да го бараме во хуманата генетика. Ракот е заболување на геномот. Туморите започнуваат со мутација во една клетка. Мутацијата се случува во ДНК на клетката и може да биде наследна. Помалку од 10% од мутациите кои настануваат кај ракот се наследни. Вообичаено мутациите се резултат на делувањето на фактори од околината.

Само во ретки случаи доволна е само една мутација. Вообичаено се работи за акумулација на мутации кои неповратно ја трансформираат нормалната клетка во клетка на ракот.

Со стареењето се акумулираат се повеќе и повеќе мутации. Тоа објаснува зошто бројот на заболени од рак расте со зголемување на возраста.

 

 

 

 

 

Останати статии од авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 20.12.2011

Последна вест

Најчитани статии - медицина