Насмевни се, не бери гајле

1. Истражувањата велат дека постојат 18 различни видови на насмевка. Најчеста од сите е насмевката која го разведрува лицето кога сме задоволни.

2. За насмевка се ангажираат околу 13, а за муртење околу 48 мускули. 

3. Треба да се насмеете повеќе од 250 000 пати за да се направи една брчка на лицето.

4. Смеењето го снижува нивото на кортизол, (хормон кој го супримира имуниот систем) и помага во борбата против различни заболувања.

5. Смеејќи се ја стимулирате работата на срцето и белите дробови, го подигате крвниот притисок и подобрувате дишниот капацитет.

6. Во контекст на физичката активност - смеење 100 пати на ден дава исти придобивки како 10 минутно веслање.

7. Чарлс Дарвин верувал дека лицевите изрази можат да влијаат на човечкото расположение. Неодамна спроведени истражувања во областа на биофидбекот ги потврдуваат неговите верувања.

8. Смеењето е заразно. Ова повеќе не е само изрека, туку и научно докажан факт - вели една група на шведски научници кои покажале дека луѓето не можат да се намуртат кога гледаат кон некој кој им се насмевнува.

9. Во контекст на релаксацијата - 15 минути смеење има исти придобивки како 2 часа спиење. А токму 15 минутно смеење го продолжува животот за дури два дена.

10. Затоа искористи го секој момент, насмевни се и не бери гајле!

други совети >

www.doktori.mk, 10.01.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости