Ашитаба (Angelica Keiskei Koidymi)

доктор на медицина

Ашитаба (Angelica Keiskei Koidymi) е азиска билка за која најстарите записи што сведочат за нејзината употреба датираат уште од пред 2000 години.

Ашитабата е богата со витамини и минерали

Ашитабата содржи 11 различни витамини и 13 минерали, како: бета каротен, витамин Б2, витамин Ц, железо, витамин Б1, Б3, Б5, Б6, биотин, фолна киселина, калциум, магнезиум, калиум, фосфор, цинк, бакар, манган, сулфур итн.

Хлорофилот од ашитабата ја стимулира продукцијата на црвените крвни клетки, ја детоксифицира крвта и црниот дроб и го промовира растот на физиолошката цревна флора.

Германиумот е минерал во трагови кој ја промовира продукцијата на интерферон, кој од своја страна го спречува навлегувањето на вирусите и бактериите во телесните клетки.

Кумарините се моќни антиоксиданси кои имат антиканцерогени карактеристики.

Халконите се флавоноиди и моќни антиоксиданси кои што ги заштитуваат клетките од оштетување од слободни радикали, кое е поврзано со забрзан процес на стареење, дегенеративни заболувања и карциноми. Тие ја намалуваат прекумерната секреција на гастричниот сок која може да доведе до гастричен улкус. Истовремено го зајакнуваат имуниот систем, го регулираат крвниот притисок и нивото на холестеролот и покажуваат антивирусни и антибактериски својства. Тие и даваат на ашитабата диуретично и лаксативно дејство и одржуваат добар метаболизам. Ашитабата преку халконите кои ги содржи може да ја стимулира продукцијата на факторот за раст на нервите (NGF) со што помага во одржувањето на мозочното здравје, помага при периферна невропатија и Алцхајмерова болест и нервни оштетувања кај оние кои страдаат од дијабет. Халконите помагаат и при состојби на срцеви заболувања, канцер, остеопороза и вршат оксидација на ЛДЛ холестеролот.

Ашитабата содржи и витамин Б12, кој што промовира продукција на крвни клетки, зголемува концентрација и внимание, ја зголемува продукцијата на хормонот за раст и го подобрува имуниот систем.

Медицинска примена

Ашитабата има антибактериски, антивирусни, антиулкусни, антитромботични и силни антитуморски дејства, инхибирајќи ги белодробниот и кожниот карцином.

Следуваат неколку примери за медицинска примена на ашитабата:

  • Заболувања на гастроинтестиналниот тракт, како акутен и хроничен гастритис, хлорхидрија, карцином на желудник, дуоденален улкус, гастрична атонија, хроничен ентеритис, хроничен хепатитис, хемороиди итн;
  • Подобрување на кардиоваскуларното здравје и третман на кардиоваскуларни заболувања, анемија и висок крвен притисок;
  • Хроничен замор, болки, забрзано стареење;
  • Астма, настинки;
  • Дијабет;
  • Има лаксативно и диуретично дејство;
  • Неурози, Алцхајмерова болест, несоница.

 

Останати статии од авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 17.12.2011

Последна вест

Најчитани статии - фармација