Јадете помалку месо

Темелот на здравиот начин на живеење треба да биде диета која изобилува со зеленчук (кој не содржи скроб), житарки, јаткасти плодови, семиња, и во која месото нема примат.

Нерафинираните житарки (овесни снегулки, кафеав ориз, ‘ржан леб) ве снабдуваат со растителни влакна и Б витамини, додека пак јаткастите плодови и семињата се вистински нутритивни ризници. Доколку не можете без месо, тогаш барем ограничете го неговото консумирање на еден оброк во денот – на пример само за ручек.

Создадете навика  - чинијата да биде полна со земјоделски производи, а месото да биде “гарнир”во истата.

 

други совети >

www.doktori.mk, 05.01.2012

Последна вест

Најчитани статии - исхрана