Келп

доктор на медицина

Што е тоа келп?

Келп е растение кое што припаѓа на фамилијата кафеави алги. Ова мистично растение расте во морињата и океаните, во плитките крајбрежни води. Има својство многу брзо да расте, може да порасне 30 цм дневно. Висина достигнува и до 30 метри. Расте во чисти и богати со минерали води, на температура од 20 степени Целзиусови. Колониите, т.е. така наречените келпски шуми, се меѓу најубавите во светот. Келп се користи како зеленчук, како додаток во исхраната, а поради неговото големо богатство со здрави состојки и како суплемент за внес на потребните витамини и минерали.

Келп – богат со витамини и минерали

Келп е богат со витамини А, Б, Ц, Е и бета каротен (антиоксиданс за кој се смета дека има улога во превенција на појава на карциномите).

Содржи мноштво минерали и елементи, и тоа повеќе од 70 видови, како јоните: Na, K, Ca, Zn, Mg и Fe. Сите тие се многу важни за зачувување и јакнење на здравјето.

Келп во терапија на хипотиреоидизам

Денес келп најмногу наоѓа медицинска примена поради високата концентрација на јод која што ја содржи. Јодот е многу важен во создавањето на тироидните хормони. Кај луѓе со недоволен внес на јод и намалена функција на тироидната жлезда доаѓа до намалено ниво на тироидните хормони, а со тоа и до појава на замор, отоци на потколениците и околу очите, намален апетит, успореност (како физичка, така и ментална), опаѓање на косата и кршење на ноктите, покачување на телесната тежина, депресија, поспаност, анемија и сл. Со келп се овозможува внес на доволни количини на јод, а со тоа и подобрување на работата на тироидната жлезда.

Придобивки од примената на келп

Друга, исто така многу важна примена наоѓа поради богатството со алкалии. Кај болни, луѓе со нарушена исхрана и со слаб имунитет се создава во организмот кисела средина поради вишокот на киселина која ја намалува pH вредноста во организмот, а со тоа се влошува состојбата. Келп-от поради алкалиите кои што ги содржи овозможува да се неутрализираат вишокот киселини во организмот и да се одржи во нормала pH вредноста.

Други придобивки од примената на келп-от се:

  • намалување на нивото на холестерол во крвта;
  • помага во варење на храната;
  • го јакне имунитетот;
  • организмот има повеќе енергија;
  • ги јакне коските;
  • ја лекува анемијата.

Мерки на претпазливост

Келп-от може да се зема и како суплемент. Го има во вид на таблети, капсули и прашоци. Земањето на келп мора да биде исклучиво по препорака од доктор поради високите концентрации на јод. Не смеат да го земаат луѓе со хипертиреоидизам и преосетливост на јод!

 

Останати статии од авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 12.12.2011

Последна вест

Најчитани статии - фармација