Докторите имаат големо знаење и мноштво на одлични совети за поздрав и посреќен живот. Дали знаевте дека во голема мера тие совети се базираат на резултатите од секојдневните истражувања во научните лаборатории? Ве “освежуваме” со некои од најактуелните совети кои доаѓаат директно од светските истражувачи и нивните лаборатории.

Употребете го знаењето на научниците за да спречите заболувања, за да го подобрите сексуалниот живот, за да спиете поцрвсто и многу повеќе...

 

Совет бр. 3: Прекрасна и чиста коса

Мајкл Џат, хемиски инжинер и директор за развој на продукти во компанијата Frеdеric Fekkai & Co. советува:

Понекогаш наместо со шампон, започнете го миењето на косата со кондционер

За време на истражувањата поврзани со нов препарат за обликување на косата откриле дека ниту еден шампон не може добро да го отстрани. Тоа се случува и со други препарати кои се веќе на пазарот. Некои од супстанците во препаратите се врзуваат поцврсто за фоликулите на косата и со тек на време се наталожуваат врз нив во поголеми количини.

Од друга страна, сосема случајно, благодарение на грешка на еден од моделите, било откриено дека со употреба на кондиционер, па шампон во овој редослед, косата многу подобро се исчистила од наслагите на препаратите за стилизирање.

Која е логиката ? – тврдокорните наслаги се мешаат со густиот кондиционер, па потоа шампонот полесно ќе ги измие обата.

 

 

останати совети> > >

www.doktori.mk, 27.04.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил