Доктори.мк | Kaко до подобар сон уште денес | podobar-son-denes | Портал за медицина и здравје


Докторите имаат големо знаење и мноштво на одлични совети за поздрав и посреќен живот. Дали знаевте дека во голема мера тие совети се базираат на резултатите од секојдневните истражувања во научните лаборатории?

Ве “освежуваме” со најактуелните совети кои доаѓаат директно од светските истражувачи и нивните лаборатории.

Употребете го знаењето на научниците за да спречите заболувања, за да го подобрите сексуалниот живот, за да спиете поцрвсто и многу повеќе...

 

Совет бр. 5: Како до подобар сон уште денес

Широко е прифатено дека попладневната дремка може да го попречи вечерниот сон, но нема истражувања кои тоа го потврдуваат.

 

Кое е најдоброто време за попладневна дремка?

Проф. д-р Патриша Марфи, клинички истражувач и директор на лабораторијата за хумана хронобиологија на медицинскиот колеџ Weill Cornell вели дека направиле темелни  истражувања во кои биле вклучени стотици луѓе, кои  практикувале попладневна дремка.  Било увидено дека доколку денвното спиење започне пред 2 часот попладне може да трае и до 2 часа и притоа нема да го наруши ноќниот сон.

Па денес прилегнете во ова време и помогнете му на мозокот да ги наполни своите батерии.

 

останати совети >>>

www.doktori.mk, 09.07.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил