Поттикнете го имунитетот

Докторите имаат големо знаење и мноштво на одлични совети за поздрав и посреќен живот. Дали знаевте дека во голема мера тие совети се базираат на резултатите од секојдневните истражувања во научните лаборатории? Овој месец ве “освежуваме” со најактуелните совети кои доаѓаат директно од светските истражувачи и нивните лаборатории.

Совет бр. 7: Поттикнете го имунитeтот

Д-р Дејвид Ниман директор на Лабораторијата за човечки особини во Истражувачкиот кампус во Северна Каролина, САД, вели

Боровинките, зелениот чај и рибиното масло го поттикнуваат и зајакнуваат имунитетот

Додава дека учествувал во преку 50 студии во чиј центар биле луѓе кои тренираат маратноско трчање. Се покажало дека кај овие луѓе е 6 пати поголема веројатноста да се разболат непосредно по секој натпревар. Зад наодите лежи фактот дека муниот систем се однесува абнормално во тек на скоро 24 часа по прекинот со екстремен напор.

Она што веруваме ве интересира е следното: истражувањата покажале  дека кверцетинoт (антиоксиданс кој го има во боровницата и црвениот кромид) заедно со EGCG (екстракт од зелен чај) и рибиното масло му пружаат на организмот неверојатно силна одбрана против оксидативниот стрес. Скратено - чуваат од болести.  Кај просечен човек диета која изобилува со овошје, зеленчук, зелен чај и риба ќе биде доволна за одржување на здравјето на имуниот систем, а со тоа и на целокупното човеково здравје.

 

останати совети > > > 

 

www.doktori.mk, 07.01.2012

Последна вест

Најчитани статии - исхрана