Како побрзо да ослабете со вежбање

Докторите имаат големо знаење и мноштво на одлични совети за поздрав и посреќен живот. Дали знаевте дека во голема мера тие совети се базираат на резултатите од секојдневните истражувања во научните лаборатории? Преку оваа рубрикаве “освежуваме” со најактуелните совети кои доаѓаат директно од светските истражувачи и нивните лаборатории.

Употребете го знаењето на научниците за да спречите заболувања, за да го подобрите сексуалниот живот, за да спиете поцрвсто и многу повеќе...

 

Совет бр. 3: Како побрзо да oслабете со вежбање 

Проф. д-р Кетрин Лок, истражувач и професор во Биомедицинскиот истражувачки центар Пенингтон вели:

Кога се занимавате со физичка активност за ориентација употребувајте педометар

Педометарот ви го покажува бројот на чекори и е подобар за следење на потрошената енергија отколку резултатот на пресметувачот во кој стојат потрошените калории. Пресметките за потрошените калории (потрошената енергија) најчесто се базирани врз формула во микропроцесорот која не е пролагодена на индивидуата, па затоа и треба самo грубо да се земаaт во обѕир.

Ако не треба да се фокусираме на калориите на екранот, тогаш која да биде целта?

Проф. Лок ве охрабрува: "10 000 чекори во текот на еден ден и сте на добар пат за брзо и трајно намалување на тежината."

 

останати совети > > >

www.doktori.mk, 14.04.2012

Последна вест

Најчитани статии - вежби