Докторите имаат големо знаење и мноштво на одлични совети за поздрав и посреќен живот. Дали знаевте дека во голема мера тие совети се базираат на резултатите од секојдневните истражувања во научните лаборатории? Преку оваа рубрика ве “освежуваме” со најактуелните совети кои доаѓаат директно од светските истражувачи и нивните лаборатории.

Употребете го знаењето на научниците за да спречите заболувања, за да го подобрите сексуалниот живот, за да спиете поцрвсто и многу повеќе...

 

Совет бр. 2: Ослободете се од брчките

Д-р Лесли Бауман професор по дерматологија на Институтот за козметска медицина при Универзитетот во Мајами вели:

 

Не е невозможно да се намалат брчките

Доколку редовно се употребуваат, следните продукти може да помогнат во намалување на бројот и големината на брчките: крем за сончање со заштитен фактор, топична употреба на ретиноиди како ретин А и антиоксиданси како зелен чај, витамин Ц, и коензим Q 10 (и орално и топично). Дерматологот ќе ви го препорача најдоброто дозирање за секој од нив. Не откажувајте се брзо од редовната употреба на овие продукти, затоа што промените не се случуваат преку ноќ.

Д-р Бауман додава дека широко употребуваните продукти често се подобри од продуктите на ексклузивните брендови, бидејќи големите компании можат да си дозволат поголеми вложувања во истражување и развој на продуктите. На крајот на денот тие се на се заработуваат многу повеќе. Своите тврдења ги заснова на едно истражување во кое било потврдено тврдењето: 80% од жените кога употребувале една широко достапна марка на продукти имале помалку брчки и поздрава кожа отколку кога употребувале продукти на друг скап и екслузивен бренд.

 

останати статии > > >

 

www.doktori.mk, 25.02.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил