Докторите имаат големо знаење и мноштво на одлични совети за поздрав и посреќен живот. Дали знаевте дека во голема мера тие совети се базираат на резултатите од секојдневните истражувања во научните лаборатории? Ве “освежуваме” со најактуелните совети кои доаѓаат директно од светските истражувачи и нивните лаборатории.

Употребете го знаењето на научниците за да спречите заболувања, за да го подобрите сексуалниот живот, за да спиете поцрвсто и многу повеќе...

Совет бр. 4: Позитивни и посреќни

Проф. д-р Соња Љубомирски, професор и директор на Лабораторијата за позитивна психологија при универзитетот Риверсајд од Калифорнија вели:

Среќата е во вашите раце

Над 1/2 од вкупното чувство на среќа е одредено од она што го правите и начинот на кој размислувате. Тоа значи дека шансите да го промените начинот на кој се чувствувате се многубројни. Проф. Љубомирски jа раскажува приказната за еден свој студент кој останал парализиран по доживеана несреќа и во таа насока поминал неколку месеци во болница. Вели дека тој го споделил со неа првото чувство по несреќата, а тоа за огромно изненадување било благодарност. Благодарност за тоа што преживеал во ситуација кога мислел дека смртта е неизбежна.

останати статии > > >

www.doktori.mk, 21.05.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил