Докторите имаат големо знаење и мноштво на одлични совети за поздрав и посреќен живот. Дали знаевте дека во голема мера тие совети се базираат на резултатите од секојдневните истражувања во научните лаборатории? Преку оваа рубрика ве “освежуваме” со најактуелните совети кои доаѓаат директно од светските истражувачи и нивните лаборатории.

Употребете го знаењето на научниците за да спречите заболувања, за да го подобрите сексуалниот живот, за да спиете поцрвсто и многу повеќе:

Совет бр. 1: Скротете ги микроорганизмите

Проф. д-р Чарлс Герб, микробиолог од Универзитетот Аризона вели:

Употребувајте средства за дезинфекција на рацете

Иако сеуште се инсистира на класичното миење на раце со сапун, истражувањата спроведени од страна на овој професор покажале дека дезинфициенсите на база на алкохол се вусшност поефективни во намалување на бројот на бактерии. Тој препорачува дезинфициенсите да се употребуваат како замена за миењето на раце и во таа насока препорачува постојано да имаме покрај себе шишенце со вакво средство. Додадава дека тоа е негова секојдневна навика од која нема намера да се откаже.

 

www.doktori.mk, 06.02.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина