Дали се точни пресметувачите на калории?

Добро би било кога справите за вежбање би можеле да кажат точно колку калории трошиме во тек на тренингот. Но, бројките кои ги гледате на пресметувачите на калории кои се дел од машините за вежбање (на пр. подвижна лента, статичен велосипед, елиптичен тренер и сл.) даваат само груба проценка на вистинските вредности.

Тие најчесто го натценуваат бројот на согорени калории за 30-40%. Една студија покажала дека машините за вежбање грешат во дури 79 проценти од случаите, што отпрво ќе ви звучи неверојатно. Меѓутоа дури и овој екстремен податок не треба да не чуди ако знаеме дека овие направи не ги земаат во предвид некои од клучните параметри за процена на потрошувачката на калории: полот, составот на телото и потрошувачката на кислород за време на тренингот. 

Тогаш зошто ни се калкулаторите важни?

Кога употребувате иста машина за вежбање во повеќе сесии, калкулаторот ќе ви овозможи да процените дали сте работеле понапорно од претходниот пат. На пример, ако по трчањето на подвижна патека калкулаторот на потрошени калории покаже дека сте потрошиле 500, а наредниот пат 600 калории, ќе може да знаете дека сте работеле понапорно и притоа потрошиле повеќе енергија.

Значи, ќе добиете повратна информација за вашиот севкупен напредок, и само варијабилна проценка за бројот на согорени калории.

Кога сме кај најчесто посакуваната цел, а тоа е намалувањето на масните наслаги и телесната тежина, најмалку треба да се насочиме кон количината на согорени калории во тек на даден тренинг, а повеќе кон балансот меѓу потрошените и внесените калории во наредните 24-48 часа по тренингот. 

Доколку сте заинтересирани за да дознаете начини како да ја унапредите својата физичка активност, истражете ја категоријата вежби на Доктори.мк, како и категоријата вежби и спорт во нашиот форум.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 04.02.2012

Последна вест

Најчитани статии - вежби