Маточина (Melissa officinalis)

доктор на медицина

Маточина (Melissa officinalis) е медицинска и кулинарска билка со бело-жолти цветови која потекнува од Европскиот континент, но заради нејзините благотворни дејства комерцијално се одгледува ширум светот.

Оваа ароматична билка со пријатен мирис на лимон содржи есенцијални масла, танини, биофлавоноиди, полифеноли, резин, рузмаринска и фенолна киселина и други хемиски компоненти кои и ги овозможуваат нејзите антибактериски, антиоксидантни, антивирални, спазмолитички, седативни и релаксирачки дејства.

Маточина во третман на хипертиреоидизам

Маточината има антитиреотропна активност (инхибира врзување на биолошки активните имуноглобулини за TSH рецептори) кај пациентите со Graves - ова болест, состојба која доведува до хипертиреодизам, со што може да се користи во третманот на овие заболувања.

Третман на дигестивни тегоби и анксиозност

Таа помага во ослободувањето од спазмите во дигестивниот систем и се користи во случаи на флатулентна диспепсија. Заради своите антидепресивни ефекти примарно е индицирана во случаи на диспепсија асоцирана со анксиозност и депресија.

Во комбинација со останатите смирувачки билки (како валеријан, хмељ и камилица) ја намалува анксиозноста и го олеснува спиењето. Се користи за Алцхајмерова болест, ADHD и инсомнија. Исто така се користи во случаи на мигрена асоцирана со напнатост, невралгија и палпитации индуцирани од анксиозност.

Лемон балмот има тонизирачки ефект на срцето и циркулаторниот систем, предизвикувајќи умерена периферна вазодилатација, со што го намалува крвниот притисок.

Медицинска примена:

  • За смирување кај депресивни, стресни и анксиозни состојби, несоница, мигрена, хроничен замор и за подобрување на концентрацијата;
  • Кај настинки, треска и вирусни инфекции;
  • За подобрување на дигестијата и отстранување на симптомите на мачнина и гадење;
  • За третман на ПМС синдромот и менструалните грчеви кај жените.

 

 

Останати статии од авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 26.11.2011

Последна вест

Најчитани статии - фармација