Ацетилсалицилната киселина – „злато“ од лек

доктор на медицина

Епитетите како  чудотворна супстанца, чудо од лек, златен лек, со право ги носи лекот со генеричко име ацетилсалицилна киселина (Acetylsalicilic acod – ASA*). Земаќи ги во предвид неговото долгогодишно користење и корисноста од истиот, може да го вброиме во еден од најупотребуваните лекови воопшто.

Задоволни пациенти, задоволни лекари!

Ацетилсалицилната киселина (acetilsalicilyc acid- ASA) е лек кој синтетички бил произведен и како таков се употребува повеќе од 100 години. Екстрактот бил добиен од дрвото врба, а ваквите екстракти се користеле уште 400г. п.н.е.

Имаќи во предвид дека заболувањата на кардиоваскуларниот систем се водечки причинители за смртност и знаејќи го неговото антиинфламаторно, аналгетско, антиагрегантно и антипиретско дејство, на овој лек се повеќе му се дава доверба и тоа со право.Направени се многу студии и научни испитувања со кои секојдневно се докажуваат неговите  позитивни дејства.

Антипиретик и анти-инфламатор

се користи за намалување на телесната температура,за ублажување на симптомите на настинка, меѓутоа треба да се внимава, и да не се дава на деца под 12 год.,а по новите препораки и на адолесценти под 16 год. поради опасноста од развојот на Рејовиот синдром, кој освен црниот дроб и мозокот, ги напаѓа и останатите органи.

Аналгетик

Неговото аналгетско дејствое ефикасно кај болка која е досадна, мачна, болка која е со помал интензитет, ефикасно делува врз тензиона главоболка, кај мигренозни главоболки во 50-60 % од случаите, кај менструална болка, забна болка и слично.

Кардиопротективно дејство

Во последните години најголемо внимание предизвикува употребата на антиагрегантното дејство на ацетилсалицилната киселина која спречува агрегација на тромбоцитите, и меѓу себе, и со ѕидот на крвните садови, со што оневозможува формирање на тромби. Со тоа се намалува ризикот од миокарден и мозочен инфаркт особено кога превентивно се користат кај пациенти од средна животна доба кај кои постои  индикација за нивна употреба. Употребата на овој лек е индицирана кај пациенти кои имаат кардиоваскуларна болест, атеросклероза, особено кај пациенти по стентирање и по коронарен артериски bypass.

Дозирање

Превентивната доза која им се препорачува на пациентите е 75mg еднаш дневно, со што се превенира прв миокарден инфаркт или мозочен удар кај пациенти со зголемен ризик. Понатаму, превенира втор миокарден инфаркт или мозочен удар, го редуцира ризикот од транзиторна исхемична атака, се употребува и кај пациенти кои се на дијализа за да се избегне коагулација на крвта и др.

Дали е потребно да се советувате со лекар?

Ацетилсалицилната киселина ја препишува лекар, кој треба да определи дали користа од нејзина употребата ја преминува штетата која може да ја направи овај лек. При долготрајна или неправилна употреба на лекот, постои опасност од крварење, без разлика дали се безопасни крварења од нос или ранички од мала повреда, па се до опасни и фатални крварења. Со претпазливост треба да се употребува кај пациенти со чир на желудникот и дванаесетпалачното црево, бидеќи може да предизвика болка и крварење.

Меѓутоа и за тоа фармацевските компании пронајдоа решение, направија гастрорезистентни таблети што значи дека таблетката поминува низ желудникот непроменета и се ослободува во тенкото црево со што и пациентите со желудочни тегоби и заболувања можат да ги употребуваат. Пациенти кои имаат докажана алергија на лекот, истиот не треба да го употребуваат.

Предмет на голем број научни истражувања

За ацетилсалицилната киселина направени се многубројни студии, со кои се открило дека оваа супстанца освен нејзиното протективно дејство на кардиоваскуларниот систем,  може да го намали и ризикот од настанување на карцином на езофагусот, панкреасот, дебелото црево, мозокот и белите дробови кога се зема во подолг временски период. Ова откритие на кое се наишло сосема случајно, направено врз 891 високоризични испитаници кои имале хередитарна предиспозиција за заболување од карцином на дебело црево,било установено дека намален е ризикот од карцином на дебело црево за 63% при што дел од овие студии биле објавени во „Lancet“ за потенцирање на позитивниот ефект на редовното земање на мали дози на ацетилсалицилна киселина кај целни групи.

На што да внимавате

И покрај сите пофалби кои ги упативме кон овој лек, не треба да се употребува на своја рака, без индикација и секогаш треба да се следат препораките од лекарите, со што ќе се потенцираат бенифитите од употребата на овај лек.

 

-aвторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 

останати статии од авторот >>>

 

* oвој лек е регистриран и во Р Македонија, за повеќе информации, погледнете го линкот на официјалниот државен регистар на лекови

www.doktori.mk, 16.11.2011

Последна вест

Најчитани статии - фармација