Медицинска употреба на Хлорелата (Chlorella)

доктор на медицина

Хлорела е вид на едноклеточна зелена алга. Таа е главна состојка на фитопланктонот - мали слободно лебдечки водни растенија пронајдени во планктонот.

Хлорелата во исхраната

Хлорелата е популарен додаток во исхраната, особено во Јапонија, и се продава како додаток на исхрана во САД, Канада и во други делови на светот. Постојат неколку видови на хлорела, но оние кои најмногу се наоѓаат во суплементи се Chlorella vulgaris и Chlorella pyrenoidosa.

Хлорелата содржи високи нивоа на хлорофил, белковини, железо, витамини Ц и B12, бета каротен, и 19 амино киселини.

Хлорелата – ефикасен лек во борбата против многу хронични болести

Неколку студии покажале дека хлорелата може да биде ефикасна во лекувањето на некои типови на рак, покачен холестерол, хипертензија (висок крвен притисок), синдром на хроничен замор и во зајакнување на имунолошкиот систем и детоксификација на телото.

Способноста на хлорелата во борбата против клетките на ракот се докажа во неколку научни студии од 2008 година, иако точните механизми на дејство не се познати. Неколку научници веруваат дека хлорелата ја стимулира активноста на Т-клетките, важна компонента на имунолошкиот систем, и макрофагите, кои се големи клетки што штитат од инфекции преку отстранување на отпадните производи, штетните микроорганизми и други отрови од крвотокот. Зголемувањето на производството на Т-клетките и макрофагите ги зголемува нивоата на интерферон во телото, зајакнувајќи го имунолошкиот систем и зголемувајќи ја способноста истиот да се бори против инвазијата на вирусите, бактериите и хемикалиите. Интерферонот е протеин поврзан со имунолошкиот систем, произведен од страна на телото и има антивирусна и антитуморска активност.

Студии на лабораториски животни сугерираат дека некои супстанции во хлорелата можат да ја намалат супресијата на коскената срцевина кај пациентите кои користат антиканцерски лекови и флуороурацил. Во оваа интеракција, хлорелата може да ги зголеми белите крвни клетки и тромбоцитите, кои го намалуваат ризикот од инфекција и крварење, соодветно.

Истражувањата исто така покажаа дека хлорелата може значително да го намали нивото на холестерол кај лабораториските животни. Студиите од 2008 година се во тек за да се утврди дали хлорелата има ист ефект и врз човековото ниво на холестерол.

Хлорелата може да помогне во намалувањето на крвниот притисок кај некои луѓе со хипертензија (висок крвен притисок). Студијата објавена во март 2003 година во списанието Original Internist посочи дека третманот со 10 грама хлорела дневно за три месеци значително го подобрува крвниот притисок кај 25% од пациентите кои биле вклучени во испитувањето.

Во студија од 2000 година, пациентите со синдром на хроничен замор или фибромијалгија (нарушување што предизвикува болки во мускулите, замор и нарушувања на сонот) биле третирани со високи дози на хлорела и по два месеци покажале значителни придобивки од третманот со хлорела.

Клинички студии на лабораториски животни, исто така, покажале дека хлорелата може да заштити од гама зрачење и други токсични лекови и хемикалии, вклучувајќи диоксин. Во цревата, таа може да ги деактивира тешките метали како што се кадмиум, олово и жива.

Стандардна дневна доза:

Не постои стандардна доза, но некои хербалисти препорачуваат 3 грама на ден.

Споредни несакани ефекти од употребата на хлорела

Бремени жени и доилки се препорачува да ја употребуваат хлорелата внимателно и да ги следат советите на своите лекари, бидејќи ефектите од хлорелата не се проучени за овие две групи. Внимание треба исто така да се обрне и кај лица кои се чувствителни или алергични на јод.

Иако хлорелата се покажала како безбедна за употреба, нема спроведено истражувања почнувајќи од 2008 година кај луѓето за да се утврди дали овој додаток во исхраната предизвикува некакви негативни секундарни ефекти. Исто така, нема студии во врска со последиците од долгорочна употреба. Благи несакани ефекти, кои биле објавени вклучуваат подуеност и гадење, кои обично исчезнуваат по неколку дена од употребата. Некои луѓе кои користеле хлорела имале алергиски и негативни реакции на сончева светлина. Алергиските реакции вклучуваат тешкотии при дишењето, болка во градите, уртикарија, исип и чешање или оток на кожата. Ако било која од овие реакции се појави, треба да се побараа итна медицинска помош.

Лица кои користат антикоагуланти, како што е warfarin се препорачува комплетно да ја избегнат употребата на хлорелата или да ја употребуваат внимателно и да ги следат советите на своите лекари, бидејќи некои додатоци во исхраната кои содржат хлорела содржат високи количини на витамин К, кои може да влијаат на инхибиција на згрутчувањето на крвта.

 

Останати статии од авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 12.11.2011

Последна вест

Најчитани статии - фармација