Слатки костени на зимското мени

Истражувањата покажуваат дека во текот на зимата, кај луѓето се лачи повеќе инсулин и затоа добиваат на тежина. Како што деновите стануваат пократки така телото добива желба за внесување јаглени хидрати и калорични оброци за да го задржи расположението и да има доволно резерви додека е изложено на студ.

Мени со суптилно слатките костени ќе ви овозможи зимска ужина од рака, во која ќе уживате и надвор од дома, мерејќи ги улиците низ градот, загледувајќи се по шарено обоените лисја и улици и топлејќи ги дланките со нив.

Нутритивни вредности и придобивки за здравјето

Исхраната со костени не само што ќе ви ја подобри крвната слика (при атрофија, исцрпеност, прегладнетост), туку и ќе ви ја зголеми енергијата, а организмот ќе го снабди со природни шеќери кои ја истиснуваат желбата за благо. Поради високата енергетска вредност не е препорачливо да се внесуваат при држењето редукциони диети, меѓутоа е супер избор на храна за спортистите и децата. Не е препорачливо да се јаде костен повеќе од 4-5 пати во една недела.

Овој јаткаст плод е одличен извор на минерали како што се железо, калциум, калиум, магнезиум, манган, фосфор и цинк. Калиумот помага против хипертензија, намалувајчи го крвниот притисок. Железото помага да се спречи настанување на анемија. Магнезиумот и фосфорот се важни компоненти во метаболизмот на коските.

Брашното од костен се користи во Тосканските рецепти при подготвувањето на деликатесните слатки лебови, супи, торти и сладоледи.

Во плодот на костенот најмногу се содржани јаглехидратите, и тоа околу 44%. Да напоменеме дека калориите се должат токму на нив, а не на масти (што е случај кај останатите јаткастите плодови).

Калоричните костени како што напоменавме се сиромашни со масти, но богати со минерали, витамини, фито-хранливи состојки, високо квалитетни протеини кои значат здравје за организмот. Костенот содржи и мали, но важни количини витамин Ц, кој му помага на организмот да се бори со инфекции, понатаму тиамин кој ги подобрува апетитот и енергијата, и рибофлавин кој игра важна улога при метаболизирањето на храната. Содржи и антиоксиданси кои штитат од слободните радикали, какои и фолна киселина, која е потребна при формирањето на црвените крвни зрнца и при синтеза на ДНК. Адекватното консумирање на храна богата со фолна киселина превенира појава на дефекти кај фетусот.

Костените имаат сличен вкус како и останатите видови храна богата со скроб. Во оваа група спаѓаат компирот, слаткиот компир, пченката и сл. кои содржат високо квалитетни протеини.

Костенот е добра извор на диетални влакна и моно-незаситени масти кои помагаат при намалувањето на лошиот холестерол, а зголемувањето на добриот холестерол во крвта.

Костенот е и храна и лек

Дивиот костен кој најчесто го гледаме покрај улици како украсно дрво има лековити дејства, но поради горчливиот вкус не може да консумира. Сепак фармацевтите успеале да го извлечат здравото од него и да направат гелови и козметички препарати кои денес се достапни за широка потрошувачка. Екстрактот од семе на див костен ја поттикнува микроциркулацијата на кожата и ја снабдува со кислород и потребните хранливи материи, притоа отстранувајќи ги штетните. Помага и при проширени вени, реума и гихт. Ја зголемува еластичноста на крвните садови и превенира да не дојде до поголеми оштетувања и отоци. Во природната козметика се употребува како лосион за коса и како маска од мелен костен во комбинација со мед за мрсна кожа на лице.

Спречуваат настинки и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, и се верува дека ја подобруваат плодноста кај мажите.

 

Чајот од питом костен ги ублажува симптомите на астма и бронхитис, додека самиот костен помага при бубрежни и дигестивни проблеми.

Преку Б витамините и фосфорот костенот ги зајакнува нервите, додека благодарение на амино киселината триптофан телото произведува хормон серотонин или хормон на среќа. Вoдејќи се според досегашните истражувања нерамнотежата на серотонин во организмот влијае врз расположението и може да доведе до депресија.

 

* За детето во секој од нас, извадок од ‘’Касни порасни’’ на 

неповторливиот Петре М. Андреевски.

 

КОСТЕНИ

Каква есен, каква есен,

не знам колку костени ни снесе,

сега надвор врне, снежи,

а ним им гори, жежи,

си пукаат на печката гласно,

како ништо да не им е јасно :-)

 

 

- текстот подлежи на авторски права, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-   

E.Т.  &  А.Т.

 

Најчитани статии од авторите:

 

Миленичињата го подобруваат нашето здравје

Жежок vs ладен туш

Масажа на грб за релаксација

Чудотворниот сок од житна трева

Појадок за победници

 

 

Терапија со гушкање

Да се обидуваш да бидеш посреќен е исто како да се обидуваш да бидеш повисок

Женскиот мозок - машина која не се менува

Каков нос - таков карактер

Пиво - омилениот алкохолен пијалок во светот

 

објавено 2011 10 27 обновено 2012 11 29

www.doktori.mk, 29.12.2012

Последна вест

Најчитани статии - исхрана