Четирите форми на женското тело

м-р Ана Танаскоска
креативен соработник

Причината зошто некои жени лесно ставаат на тежина, а некои не, се должи на нивната форма на телото. Вниманието на човечките суштества отсекогаш било фокусирано на женското тело кое се доживува како на извор на естетско задоволство, сексуална привлечност, плодност и репродукција. Жените многу повеќе се загрижени за своето тело отколку машкиот пол, и таа нивна загриженост влијае врз нивното целокупно здравје.

Во зависност од обемот на трите детерминанти - гради, половина и колкови,  најчести се четири форми на женското тело:  банана, јаболко, круша или песочен часовник.

Постојат големи разлики за тоа која форма би требало да се смета како идеална или преферирана во однос на останатите, а притоа водејќи се од атрактивноста и здравствените предиспозиции кои таа би ги имала како сопствен белег.

 

 

Јаболко

 

Жените сопственички на оваа форма имаат пошироки рамена од колкови. Најчесто имаат слаби нозе/бутини, додека стомакот и градите излегуваат надвор од пропорциите кога телото би се набљудувало од страна. Телесните масти се складираат околу половината, (односно во стомакот, градите и опкружувачките внатрешни органи како што е срцето), како и на лицето. Токму и затоа оваа форма е прилично пропорционална, меѓутоа без добро дефинирана половина.

‘’Јаболкото’’носи здравствени проблеми како коронарни болести, дијабетес, мозочен удар, висок крвен притисок и проблеми со жолчното кесе. Овој облик на тело претставува претежно машки феномен, иако жените се склони кон развој на ‘’форма на јаболко’’ во средината на животот, особено по менопаузата. Постојат докази дека стомачните масти се развиваат кога лицето е под долгорочен стрес. Хормонот кортизол (кој го лачи организмот кога е под стрес) има тенденција да поттикнува акумулација на централните масти. Овој облик може да се минимизира со разумна исхрана, редовно вежбање и техники за редуцирање на стресот во организмот. Во секој случај при облекување треба да ги потенцираат нивните најдобри делови (адут им се градите и нозете), а на половината да одбегнуваат да и додаваат волумен. Се користи и терминот превртен триаголник.  Им се препорачува да практикуваат редовно пешачење, велосипедизам, џогирање, пливање.

Најпознати ‘’ јаболка’’се:  Кетрин Зета Џонс, Дру Баримор, Опра Винфри.

 

Круша

Кај ‘’крушите’’колковите се пошироки од рамената. Имаат дефинирана половина од причина што телесните масти им се таложат во задникот, колковите и бутовите кои претставуваат т.н. центар бидејќи се поголеми од остатокот на телото. Покрај терминот круша за оваа форма се користи и терминот триаголник. Жените сопственички на овој облик имаат тенденција да поседуваат релативно голема задница, а мали гради. Воедно имаат најголеми шанси да имаат рамен стомак без проблем. Стануваат поженствени со ставањето акцент на половината бидејќи така делуваат повитки.

Обликот на круша важи за најприроден и најнежен облик, токму и затоа статистички е најпривлечен за машкото око.

Крушовидните жени многу веројатно е да бидат подложни на целулит и проширени вени, како и на нарушувања во исхраната. Мастите во задникот и бутовите може да се иницирани од нивото на естроген во организмот. Затоа се препорачува храна без конзерванси и избегнување вежби кои ги задржуваат мастите во телото, а да се практикува спортување од типот на возење велосипед, веслање и сл.

‘’Круши’’се: Џенифер Лопез, Шакира, Бјонс, Џенифер Лав Хјуит и др.

 

Банана

Оваа форма е атлетски градена. Покрај банана ја нарекуваат и правоаголник. Се карактеризира со исти пропорции на рамената со колковите и недостаток на дефинирана половина. Доколку се во ситуација да добијат тежина, килограмите им се наталожуваат подеднакво и во горниот и во долниот дел од телото. Меѓутоа, доколку се работи за правоаголна форма со прекумерна тежина, тогаш постои тенденција килограмите да се наталожат по целото тело. Доколку пак се наталожени околу стомакот, тогаш може да се развијат здравствени проблеми поврзани со дебелина, и да извршат притисок врз виталните органи како што бубрезите, црниот дроб, срцето и да влијаат врз нивното функционирање. Носењето појас околу половината би им помогнал визуелно да добијат струк, а истиот ефект би се постигнал и со носењето струкирани палта. 

Многу жени условно кажано би убиле за ваква форма, бидејќи нема дел од телото кој би требало да го минимизираат, туку делови кои треба само вешто да се нагласат. Не секогаш жените со банана или правоаголник форма имаа мали гради. Со правилно облекување може без проблем да создадат излузија за поседување облини. Имаат брз метаболизам, а слаба мускулна маса, токму и затоа препорачливо е да внесуваат протеини и калциум. Зелен зеленчук, риба, рибино масло и сл. 

Личности ‘’банани’’: Камерон Дијаз, Никол Кидман, Хилари Даф итн.

 

Песочен часовник

Колковите и градите се речиси со иста големина. Телесните масти најмногу се таложат во градите и задникот. Кај оваа форма се зголемуваат рацете, колковите, градите и задникот, пред другите делови од телото. Жените кои имаат ваква форма се благословени со многу секси облини, но мора да внимаваат да не се ‘’удават’’во премногу широките облини и да не носат премногу отворени и провокативни парчиња облека бидејќи ќе делуваат вулгарно. Како и кај другите, така и кај оваа форма магичниот појас околу половината би ја истенчил фигурата и би ја направил поженствена.

За песочните часовници се препорачува особено намален внес на прости јаглехидрати (слатки), а повеќе порции богати со зеленчук, протеини, житарки и сл.

Песочни часовници:  Ким Кардашиан, Селма Хаек, Скарлет Јохансон и др.

 

Животниот тек на понежниот пол

Пред пубертет и мажите и жените имаат речиси сличен обем на половина. За време на пубертетот, женските хормони (главно естроген) влијаат врз растот на градите и развој на карлицата за подоцнежното носење дете, па се до менопаузата кога нивото на естроген предизвикува таложење на вишок масти на задникот, колковите и бутовите, но генерално не и околу струкот, кој ќе остане со иста големина како и пред пубертетот. За време на менопаузата градите на жената се намалуваат како што се намалува и нивото на хормонот естроген.

Новите истражувања покажуваат дека жените со форма на јаболко имаат највисок ризик да заболат од некое срцево заболувања, додека оние со форма на песочен часовник најмалку.

На големината и обликот на женското тело се гледа како на идеал карактеристичен за секое општество кој се отсликува во тогашната уметност, литература, списанијата и филмовите. И покрај неговите варијации , предност секогаш се давала на тесните половини, а овој факт и до ден денес останува непроменет.

Употребата на корсети својот врв го достигнува во Викторијанската ера кои имале голем ефект врз намалувањето на половината на жената.

‘’Само негуваните жени, се убави жени’’ нека ви биде мисла водилка која ќе ве натера да преземете иницијатива и се потрудите да го доведете вашето тело во добра форма, без разлика која форма на тело ја поседувате, бидејќи на крај тоа е и најмалку битно. 

Си поставуваме две задачи,

  • да водиме грижа за себе и
  • да се прифатиме такви какви што сме.

Две задачи кои имаме цел живот да ги оствариме.

 

Запомнете, секоја жена е совршена на свој начин, завршен цитат

А.Т.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 

најчитани статии од авторот>>>

www.doktori.mk, 02.11.2011

Последна вест

Најчитани статии - животен стил