МУКОЛИЗИН – за полесно искашлување! - од Актавис

Што претставува Муколизинот?

Муколизин (амброксол) е сируп кој се користи во третманот на респираторни болести асоцирани со жилав и прекумерен мукус. Ова е мукоактивен лек со секретолитичка и секретомоторна способност, кој игра важна улога во одбранбените механизми на човекот. Стимулира синтеза и ослободување на сурфактант. Сурфактантот делува на тој начин што ја намалува адхезијата на мукусот за бронхијалниот ѕид, подобрувајќи го неговиот транспорт и со тоа обезбедува заштита против инфекции и иритирачки агенси.

Муколизин е индициран кај бронхопулмонални заболувања кои се асоцирани со абнормална секреција на мукус и негов пореметен транспорт. Го потпомога исфрлањето на мукусот, го олеснува искашлувањето и продуктивната кашлица, со што го продлабочува и олеснува дишењето кај пациентите.

Муколизин исто така овозможува намалување на болката која се јавува при акутна ангина на грлото. Многу од најсовремените испитувања ја имаат докажано ефикасноста на Муколизин во намалувањето на болката кај акутна ангина, со брз почеток на делување и долготрајност на ефектот од најмалку 3 часа. Антиинфламаторните својства на Муколизинот доведуваат до намалување на црвенилото кај пациенти со ангина на грло.

Муколизин сирупот започнува да делува во рок од 30 минути.

Муколизин е докажан и ефективен експекторанс. Овозможува налепената слуз многу полесно и побрзо да се отстрани од респираторниот систем преку појачување на бронхијалната секреција. Муколизин исто така ги поттикнува и ослободува цилиите (мали влакненца кои го обложуваат респираторниот тракт), кои потоа ја исфрлаат абнормалната слуз со помош на камшичести движења.

Амброксолот е агенс со долга традиција кој се докажал како ефективен експекторанс во третманот на продуктивна кашлица. Муколизин е еден од главните лекови против кашлица и е достапен во многу земји ширум светот.

Начин на дејстување

Муколизинот ја прави слузта во дишните патишта поразредена и помалку леплива, им помага на цилиите да ја транспортираат слузта надвор од белите дробови. Муколизинот го потпомага прочистувањето на респираторниот тракт. Го олеснува искашлувањето, ја олеснува продуктивната кашлица и помага во надминување на инфекциите. Муколизин го подобрува транспортот на слуз преку намалување на нејзината вискозност и со активирање на движењето на цилиите.

Затоа, Муколизинот помага не само во олеснување на симптомите, туку и во излекувањето на продуктивната кашлица.

1. Муколизин започнува да делува во мукозно-секретирачките клетки, каде ја менува вискозноста на мукусот. Полесниот, потечен мукус помага во отстранување на тешката леплива слуз од ѕидовите на дишните патишта.

2. Муколизин ги ослободува и активира цилиите. Тие се движат слободно со што потпомагаат во отстранување на слузта од респираторниот тракт.

3. Муколизин не влијае на нормалниот механизам на кашлање. Ова е многу важно бидејќи кашлањето е потребно за да се исфрли вишокот на слуз од дишните патишта.

4. Муколизин со години има докажана безбедност и ефикасност.

Индикации

Муколизин се користи во третманот на продуктивна кашлица. Преку разредување на лепливата слуз и олеснување на експекторација, го потпомага прочистувањето на респираторниот систем и со тоа помага во надминување на инфекците во бронхиите.

Мерки на претпазливост

Не се препорачува за време на првото тримесечие од бременоста.

 

Кои се предностите на Муколизин?

Муколизин е најчесто продаваниот лек против кашлица, познат по својата ефикасност ширум светот. Бенефитот од ефектот на Муколизин е видлив веднаш по неговото земање. Мазен, протективен филм ја покрива иритираната мукозна мембрана во грлото. Ова ја смирува и олеснува иритацијата во грлото.

Дали е нормално да се јави зголемена секреција во првиот ден од отпочнување на терапија со Муколизин?

Да. Експекторантите помагаат во побрзо и полесно отстранување на лепливата слуз од бронхиите преку зголемувањето на помалку вискозната бронхијална секреција.

Дали Муколизин има брзо отпочнување на дејството?

Муколизин има смирувачки ефект врз грлото кој е евидентен веднаш откако ќе се земе сирупот. Мазен заштитен филм веднаш ја покрива иритираната мукозна мембрана, со што се смирува и олеснува иритацијата.

Може ли Муколизин да се користи од страна на луѓе со дијабет?

Да. Муколизин е погоден за користење од страна на луѓе со дијабет. Количината на калории содржани во максималната дневна доза на овој продукт не влијаат значајно на вкупните калории кои пациентите со дијабет можат да ги внесат.

Дали Муколизин може да се користи кај деца?

Без консултација со лекар се препорачува кај деца над 2 години. Секако прво добро прочитајте го упатството или консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт доколку имате некои прашања.

Доколку имам непродуктивна кашлица за време на настинка или грип дали може да земам Муколизин?

Да, можете - особено во текот на денот, за да се помогне во олабавување на лепливата слуз.

 

 

-комерцијален текст-

www.doktori.mk, 01.11.2011

Последна вест

Најчитани статии - фармација