Пирацетам и цинаризин во рехабилитација на пациентите со претходен исхемичен мозочен удар

доктор на медицина

Вишокот на интрацелуларен калциум доведува до функционална инсуфициенција на невроните

Во патогенезата на акутната и хроничната исхемија на мозокот значителна улога имаат нарушувањата на процесите на транспортирање на калциум. Вишокот на интрацелуларен калциум, предизвикан од исхемија, ги активира целуларните ензими, што доведува до повреди на протеинските и липидните структури и функционална инсуфициенција на невроните. Употребата на антагонисти на калциумот помага во прекинувањето на патобиохемиските реакции, предизвикани од хипоксија.

Антагонистите на калциумот дејстуваат врз невроните и ситните садови на церебрумот. Преку механизми на интеракција со рецептори, поврзани со канали на калциум, антагонистите на калциумот го моделираат протокот на калциум-јоните во нервните клетки. На таков начин тие влијаат врз невромедијаторниот баланс, ги заштитуваат невроните, ја стабилизираат нивната функција и ја зголемуваат толерантноста спрема исхемијата. Преку рецептори на каналите за калциум, анатагонистите на калциум дејствуваат врз садовите на мозокот, регулирајки ја церебралната циркулација, го подобруваат помнењето, придонесуваат за концентрацијата, ја зголемуваат моторната активност.

Клиничка слика на последиците на исхемичен удар

Клиничката слика на последиците на исхемичниот удар во базенот на внатрешните каротидни артерии се карактеризира со спастицитетни и паретички (хемиплегични), како и психички и органски синдроми. Кај пациентите е утврдено намалување на темпото на психичката активност, нарушувања на вниманието и инертност на умствените процеси, со што се ограничува дијапазонот на можна адаптација на пациентите со мозочен удар во социјалната средина и секојдневниот живот.

Нивото на изразеност на моторните нарушувања (нарушувања на одење, ниво на самостојна грижа, ниво на пареза) е соодветно на специфичната локација на исхемичкото жариште во хемисферите на мозокот и интензитет на хидроцефални и атрофични промени.

Употреба на комбинацијата на пирацетам и цинаразин во рехабилитацијата на пациенти со прележан исхемичен мозочен удар

Кај пациентите кои го имаат преживеано мозочниот удар, терапија на употреба на комбинацијата на пирацетам и цинаризин го подобрува општото здравје; статистички значително го намалува нивото на депресивноста, ги зголемува мнестичките функции и моторната активност.

Кај постарите пациенти со последични појави од исхемичен мозочен удар под влијание на терапијата со комбинацијата на пирацетам и цинаризин се подобрува хемодинамиката во средината на церебралната артерија, внатрешната каротидна артерија во погодената и внатрешната каротидна артерија во интактната хемисфера, како и во базиларната артерија.

Трајната употреба на комбинацијата на пирацетам и цинаризин кај пациентите кои го имаат преживеано мозочниот удар, придонесува за реорганизација на показателите за фреквенцијата и амплитудата на биоелетричка активност на церебрумот, што е поизразето во интактната хемисфера. Тоа се карактеризира со зголемување на фреквенцијата на £-ритамот и намалување во општа структура на ЕЕГ на специфичната тежина на интензитет на £-ритамот со истовремено зголемување на интензитет на ß-ритамот, што укажува за хармонизацијата на кортикалните и подкортикалните врски.

 

Останати статии од авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 05.11.2011

Последна вест

Најчитани статии - фармација