Вежби на горниот дел од грбот за исправен став на телото - Видео

Многумина од вас се соочени со канцелариска работа и повеќечасовно седење пред компјутер. При тоа често седите неправилно на столот и со надвиснати рамења, што доведува до болки во горниот дел од грбот. На долгорочен план, ова може да предизвика неправилност во ставот на телото и подгрбавеност.

Физичката активност е најдобар начин за превенција на болките во грбот и за исправување на телото. Со вежбањето се зајакнуваат мускулите кои се одговорни за екстензија на ‘рбетот.

Во следното видео се претставени неколку едноставни вежби за горниот дел од грбот што ќе помогнат во исправување на ставот на телото. За нив не е потребна дополнителна опрема и сите можат да ги прават во своите домови.

 

Совет за крај: Не дозволувајте неактивноста и мрзеливоста да го оштетат вашето тело. Бидете физички активни и вежбајте.

Завршуваме со една мисла од Платон: „Недостатокот на физичка активност го уништува доброто здравје на секое човечко суштество, додека движењето и физичките вежби го зачувуваат истото“.

www.doktori.mk, 30.10.2011

Последна вест

Најчитани статии - вежби