Доктори.мк | Рибата е добра за срцето, но дали тоа се однесува и на конзервираната риба? | riba-dobra-za-srce-konzervirana-sveza | Портал за медицина и здравје

Рибата е добра за срцето, но дали тоа се однесува и на конзервираната риба?

Конзервираната риба (туна, лосос, сардина и др), споредена со своите свежи варијанти во голема мера едначи во поглед на содржината на хранливи материи. Некои истражувања покажуваат дека конзервираната риба може да содржи повеќе омега-3 масни киселини од свежата риба. Резултатите од едно испитување направено во Италија во 2001 г. покажале дека кај луѓето кои јадат  риба (свежа или конзервирана) два пати неделно, ризикот од настанување на срцев удар се намалува за 30 % во однос на оние кои јадат риба еднаш неделно.

Кога купувате конзервирана риба, подобро е да изберете риба која е конзервирана во вода, а не во масло, затоа што кога рибата се пакува во вода, омега-3 масните киселни остануваат заробени во неа. Од друга страна кога рибата се конзервира во масло, дел од масните киселини се раствораат во маслото и рибата губи од своите хранливи вредности.

Сол

Рибата од конзерва има еден голем недостаток – а тоа е солта. Таа содржи сол во големи количини, понекогаш повеќе и од целокупните дневни потреби за сол. Но и за овој недостаток има решение. Имено, со плакнење на рибата ќе се отстрани голем дел од солта.

Одлучете се за...

Без разлика дали ќе биде конзервирана или тазе уловена – изберете ја рибата како носител на дневното мени барем неколку пати во неделата. Одлучете се за овој здрав извор на нутритиви и “нахранете” го срцето со за него важните омега 3 масни киселни. 

 

www.doktori.mk, 27.10.2011

Последна вест

Најчитани статии - исхрана