Чувајте го црниот дроб – Видео

Црниот дроб е еден од најважните органи во нашето тело. Извршува стотици функции кои се витални за организмот. Врши детоксикација од штетните материи, учествува во синтезата на протеини и материи кои учествуваат во дигестијата, има значајно место во метаболните процеси и процесите на коагулација, служи како депо за гликоген, продуцира жолчка итн... Со еден збор – црниот дроб е незаменлив (медицината се уште не пронашла начин да го компензира отсуството на неговото функционирање).

Црниот дроб е витален за нашето здравје

Поради важноста која како орган црниот дроб ја има за нашиот организам, треба да водиме грижа за неговото здравје и да не дозволиме негово оштетување.

Следното видео на еден многу интересен начин го претставува црниот дроб, неговата функција, како и болестите кои го оштетуваат. По гледањето на ова видео, гарантираме дека нема повеќе да ја занемарите важноста која овој орган ја има за нашето секојдневно функционирање.

 

www.doktori.mk, 04.06.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина