Оптичкa илузиja - Превртлива табла

Што преставуваат оптичките илузии?

Оптичките (визуелни) илузии се слики кои човекот ги доживува на начин различен од објективната реалност. Кога ги гледаме, информациите кои преку очите доаѓаат до мозокот го наведуваат да ги обработи и перцепира на начин кој не се совпаѓа со објективните физички параметри.

Постојат 3 главни видови на оптички илузии

  • буквални - кај кои сликата се разликува од предметите од кои е составена
  • физиолошки -   кај кои сликата делува на очите или мозокот преку прекумерна стимулација од одреден тип(светлина, боја, позиција, движење)
  • когнитивни - како резултат на потсвесна интерференција на елементите од кои е составена сликата  

За почеток на новата рубрика една доза ментална гимнастика

Превртлива табла

 

Средината на таблата на сликата изгледа заоблено. Сепак сите линии се прави и паралелни. Ефектот го предивикува специфичната поставеност на белите и сивите фигури во аглите на коцките. На нареднава слика, илузијата станува поочигледна.

 

www.doktori.mk, 15.10.2011

Последна вест

Најчитани статии - занимливости