Џејми Оливер и неговата желба за промена на светот

Неколку збора за "ТЕD"

ТЕД (Теchnology, Entertainment, Design - TED) e непрофитна организација посветена на глобално претставување и споделување на идеи и проекти значајни за општеството. Оттука и нивното мото - "Ideas worth spreading".

Наградата на ТЕД(TED prize) има за цел да ги поттикне на акција многубројните таленти и да го стимулира искористувањето на постојните ресурси во заедниците. Таа се доделува на извонредни индивидуалци со цел да ги поддржи нивните напори и позитивните промени кои тие ги иницирале. За време на церемонијата наградениот освен паричната награда за поддршка на започнатото, добива и несекојдневна, уникатна можност - а тоа е да ја претстави својата  "Една желба за промена на светот". Претставувањето на желбата наградениот го подготвува неколку месеци пред официјалната церемонија.

Кое е значењето на желбата? По претставувањето таа води кон остварување на глобални соработки и проекти со далекусежни ефекти.

"Секое дете да научи за храната"

Во 2010 г светски познатиот готвач Џејми Оливер беше почестен со ова исклучително признание за неговиот проект за намалување на дебелината. Желбата која тој ја претстави е  "Секое дете да научи за храната".

Одвојте дел од своето време за вашето и доброто на вашите најмили. Ветуваме дека ова мотивирачко видео ќе ви ги прошири хоризонтите и поттикне на размислување. Уживајте!

 

( видеото е со македонски превод, н.з.)

обработка Б.Ш.

www.doktori.mk, 18.10.2011

Последна вест

Најчитани статии - исхрана