ОЛИСАЛВИН - Масло од црн дроб на ајкула од Актавис

ОЛИСАЛВИН - Маслото од црн дроб на ајкула се добива од оние ајкули кои ги населуваат длабоките и чисти води на морињата. Познато е дека тоа помага да се зајакне и регенерира имуниот систем и поволно делува на многу други функции и органи на телото.

Алкоксиглицероли во црниот дроб на ајкула

Д-р Астрид Брохулт и нејзиниот сопруг Проф. Свен Брохулт востановија дека луѓето со ослабен имун систем стануваат резистентни на инфекции после примањето на алкоксиглицероли кои се содржани во маслото од црн дроб на ајкула. Алкоксиглицеролите се наоѓаат во мајчиното млеко и го заштитуваат доенчето од инфекции и други заболувања. Во црниот дроб на ајкулите алкоксиглицеролите се наоѓаат во најголема концентрација од било каде во светот.

 

Ајкули – едни од најздравите животински видови

Ајкулите се познати како едни од најздравите животни кои имаат одлична отпорност на инфекции, нивните рани заздравуваат двапати побрзо отколку кај луѓето и само една од 25 000 ајкули може да добие малигно заболување. Биолозите заклучиле дека ајкулите умираат од длабока старост.

Силниот имун систем може да го заштити човекот на сосема природен начин и затоа луѓето од поларните региони земаат масло од црн дроб на ајкула за да ја сочуваат високата отпорност на инфекции.

ОЛИСАЛВИН - Маслото од црн дроб на ајкула е промовирано како додаток во исхраната кој допринесува за зајакнување на имуниот систем, учествува во борбата против инфекциите, зараснувањето на раните, а се користи и како помошна терапија на карциноми. Тоа веќе стотици години се употребува во народната медицина од луѓето кои живеат на бреговите на Норвешка и Шведска за заштита од грип, како ефикасен антибактериски, антивирусен, антигабичен и антипаразитен продукт.

Синдромот на хроничен замор, состојба која често погодува некои луѓе во поново време, ефикасно се третира со ОЛИСАЛВИН - масло од црн дроб на ајкула. Во текот на животот нашиот имун систем станува помалку ефикасен како резултат на животните навики и стресот.

 

Ефектите од ОЛИСАЛВИН - маслото од црн дроб на ајкула

ОЛИСАЛВИН - Маслото од црн дроб на ајкула е корисно за возрасни и деца во следните состојби:

  • го зајакнува имуниот систем;

  • помага при состојби на стрес и умор;

  • помага при состојби на нарушена крвна слика;

  • има антиоксидативни својства;

  • помага за одржување на здрава кожа;

  • се користи при автоимуни заболувања;

  • се користи при малигни заболувања.

Ефектите на маслото од црн дроб на ајкула веќе половина век научно се проучувани. Тоа резултирало со објавување на студии и книги како "Shark Liver Oil, Nature’s Amazing Healer" и "Devour Disease: with shark Liver Oil".

-комерцијален текст-

www.doktori.mk, 12.10.2011

Последна вест

Најчитани статии - фармација