Астма – Видео анимација

Што е тоа астма?

Астма претставува хронична воспалителна болест на респираторниот систем. Таа е глобален медицински проблем со над 300 милиони заболени ширум светот. Се карактеризира со бронхоспазам (констрикција на бронхите) и реверзибилна опструкција на воздушниот проток во дишните патишта. Сето тоа резултира со симптоми на: тешко дишење, свирежи во градите (визинг), кашлање, граден дискомфорт и глад за воздух.

Што ја предизвикува астмата?

Астмата е предизвикана од комбинација на генетски и надворешни фактори. Најсилен ризик фактор за астма претставува историја на атопична болест (алергија). Заболените од астма развиваат воспалителна реакција на дишните патишта доколку се изложат на одредени надворешни агенси, наречени тригер-фактори. Најчести тригер-фактори се:

  • Домашна прашина;
  • Полен;
  • Чад од цигари;
  • Животински влакна;
  • Инфекции на белите дробови;
  • Стрес и анксиозност.

Класификација на астмата

Според фреквенцијата на појавување на симптомите и степенот на оштетување на белите дробови, астмата се класифицира во 4 групи:

  • Интермитентна;
  • Лесна перзистентна;
  • Средна перзистентна;
  • Тешка перзистентна.

 

Погледнете ја следната видео анимација која ќе Ви покаже како астмата делува на дишните патишта:

Третман

Третманот се состои во избегнување на тригер-факторите кои ги предизвикуваат епизодите на астма, како и употреба на инхалатори од типот на бета-2 агонисти и кортикостероиди.

 

Б.С.

www.doktori.mk, 16.10.2011

Последна вест

Најчитани статии - медицина