Магнезиумот и кардиоваскуларното здравје

доктор на медицина

Магнезиумот е важен елемент за градбата на нашето тело, а посебно за одвивањето на хемиските процеси во него. Прехранбени продукти богати со магнезиум се: зеленчук, месо, храна богата со скроб, никулци, јаткасти овошја и млеко. Поранешните анкети за исхрана покажуваат дека поголемиот дел од возрасните не ги внесуваат препорачаните дневни дози за магнезиум (320 мг дневно за жени и 420 мг за мажи).

Магнезиумот го намалува ризикот од исхемичен мозочен удар

Истражувачите од University of Minnesota School of Public Health откриле дека ниското ниво на магнезиум во крвта може да го зголеми ризикот од мозочен удар за 25%.

Според податоците објавени во American Journal of Epidemiology, покачувањето на нивото на овој минерал во крвта може да го намали ризикот од исхемичен мозочен удар поради смирувачките ефекти на магнезиумот врз крвниот притисок и дијабетот.

Најновата студија го покажува потенцијалот на магнезиумот да го намали ризикот од мозочен удар најверојатно преку антихипертензивен механизам, сугерирааат истражувачите, водени од Арон Фолсом од University of Minnesota’s School of Public Health.

Над 14 000 мажи и жени на возраст помеѓу 45 и 64 години земаа учество во студијата и за период од 15 години следење, истражувачите документираа 577 случаи на исхемичен мозочен удар. Инциденцата на мозочниот удар била најголема меѓу дијабетичарите и луѓето со хипертензија, додаваат истражувачите.

Нивото на магнезиум во крвта било негативно асоцирано со ризикот од мозочен удар, наведуваат тие, со ниво од 1.6, 1.7 и 1.8 mEq/L поврзани со 22, 30 и 25% намалување на мозочниот удар соодветно, споредено со 1.5 mEq/L. Откако резултатите биле прилагодени за хипертензија и дијабет, истражувачите откриле дека поврзаноста станува безначителна.

„Внесот на магнезиум со исхраната бил незначително обратно асоциран со инциденцата за исхемичен мозочен удар”, напишале Фолсом и неговите соработници.

„Ниското ниво на магнезиум во серумот може да биде поврзано со зголемен ризик од исхемичен мозочен удар, делумно преку ефектите врз хипертензијата и дијабетесот”, наведуваат истражувачите.

Магнезиумот го намалува крвниот притисок кај луѓето со хипертензија

Исто така, суплементите од магнезиум можат да го намалат крвниот притисок кај луѓето со хипертензија, се наведува во една студија од Кореа.

Од друга страна, магнезиумот немал ефект врз крвниот притисок кај нормотензивните индивидуи (лица со нормален крвен притисок), според откритијата публикувани во Nutrition, Metabolism and Cardiovascular Disease.

„Овие откритија сугерираат дека суплементацијата со магнезиум може да помогне во превенцијата на прогресијата на хипертензијата кај луѓето со зголемена тежина, нормално ниво на магнезиум во крвта и без знаци за дијабет, а со покачен крвен притисок, иако анти-регулаторните механизми за превенирање на понатамошно покачување на крвниот притисок останува допрва да се разјаснат“, наведуваат истражувачите од Pusan National University.

Студиите ги надополнуваат епидемиолошките студии кои наведуваат дека секојдневната употреба на повеќе магнезиум, калиум и калциум може да го намали ризикот од хипертензија кај одредена популација.

Високиот крвен притисок (хипертензија), дефиниран како состојба на систолен и дијастолен притисок поголеми од 140 со 90 mmHg, е главен ризик фактор за кардиоваскуларни заболувања.

Магнезиумот многу малку или речиси воопшто не делува на крвниот притисок кај здрави индивидуи, додека кај луѓето со хипертензија се забележува значителен пад и на систолниот и на дијастолниот притисок (кај групата која примала магнезиум (17.1 и 3.4 mmHg), во споредба со плацебо групата (6.7 и 0.8 mmHg).

 

-aвторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Останати статии од авторот >>>

www.doktori.mk, 11.10.2011

Последна вест

Најчитани статии - медицина