Гените виновници за потребата од кафе

магистер по фармација


Ви треба секојдневно внесување на кафе? – Зависноста може да биде во вашите гени.

Потребата од консумирање на кафе или чај, може да се сведува на нешто повеќе отколку само на личниот вкус.

Истржувањата покажуваат дека некои од нас имаат наследено гени кои можат да не направат помалку или повеќе зависни од кофеин.

Едно ново истражување покажува дека генетиката може да помогне во одредување на консумирањето на кофеин, преку разлики во два специфични гена кои претставуваат “движечка сила” на луѓето да консумираат повеќе или помалку од најпопуларниот стимуланс во светот.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои поседуваат т.н. "висока потрошувачка" варијација на генот се чини дека пијат повеќе кафе, во однос на оние кои носат "ниско потрошувачка" варијанта.

"Тоа е навистина неверојатна приказна", изјавил ко-авторот на студијата д-р Нил Капорасо, шеф на генетската епидемиологија во Националниот институт за рак. "Луѓето навистина не се сомневаат многу во неа, но генетиката игра голема улога во многу однесувања, како што се пушењето и консумирање алкохол, а сега се покажува дека има дел и во тоа колку пиеме кафе."

Гените за кои станува збор се означени како CYP1A2 и AHR. Првиот претходно се поврзувал со процесот преку кој кофеинот се метаболизира, додека AHR ја регулира активноста на CYP1A2.

Д-р Нил изјавил дека веќе пред неколку децении било познато дека CYP1A2 генот е оној што го метаболизира кофеинот, но со користење на нова технологија, сега се покажало за прв пат дека овој ген се чини е одговорен и за наследните разлики во тоа колку луѓето пијат кафе.

Студијата, финансирана од страна на многу институти, истакнала дека повеќе од 8 од 10 возрасни лица консумираат кофеин преку кафе. На глобално ниво, кофеинот е најпопуларната психоактивна супстанција, која 90 % од луѓето во светот ја земаат во различна форма.

Резултатите за генетските основи за консумирање на кофеин произлегуваат од високо-сложени собирања на одредени наследни особини заедно со модели за внесот на кофеин вклучувајќи повеќе од 47.000 лица од Европско потекло во пет различни студии.

Мета-анализите на студии, кои биле спроведени во периодот меѓу 1984 и 2001 година, разгледувале просечна потрошувачка на кофеин проценувајќи ја преку внес на секој учесник на кафе, чај, “кока кола”и други газирани пијалоци, и / или чоколадо.

По собирање на сите податоци, д-р Нил и неговите соработници откриваат дека лицата кои поседуваат "највисока потрошувачка" варијација на генотипот или на CYP1A2 и AHR консумираат дополнителни 40 милиграми кофеин (тоа е еднакво на околу една третина шолја со кафе или една лименка “кока кола”) во споредба со оние со ознака на "најниска потрошувачка" варијанта.

Британците пијат преку 70милиони шолји кафе на ден и 165 милиони шолји чај.

"Заклучокот на сето ова е дека количината на кофеин кој се внесува кај луѓето односно потребата за негово консумирање не е само случаен", изјавил Капорасо.

Сето тоа е поврзано со генетиката, а со тоа луѓето би можеле да ги поделиме на брзи и бавни метаболизери – луѓе кои консумираат само едно мало кафе и тоа им е доволно за еден ден, и луѓе кои консумираат две големи кафиња и “кока кола”во текот на денотза да го добијат истиот ефект.

Ова е и случај каде овие забелешки всушност одат подалеку, бидејќи еден од гените кој бил идентификуван не е сместен таму само за да го метаболизира кофеинот. Тој е задолжен и за многу други работи, како метаболизирање на компонентите на канцер и долга листа на лекови.

Д-р Капорасо изјавил дека сега се достапни јасни генетски маркери со кои може да се тестира и да се види како тие би влијаеле на метаболитичките процеси.

Д-р Јован Ј. M., член на Американскиот колеџ за генетика и професор по педијатрија на Универзитетот во Оклахома во Оклахома Сити, го опишал истржувањето за кофеин како "уште еден блок во изградба на сликата на персоналната медицина. Во суштина, ова е уникатната подложност на секој поединец. Ние сите сме уникатен сет од гени во интеракција со уникатна природа. И ова е фасцинантна работа, затоа што кофеинот е доброволна "животна средина", која го привлекува поголемиот дел од човечкиот род."

 

"И покрај тоа што општата претстава на постоење на повеќе или помалку толеранција на кофеин не е ново набљудување, клиничката корист на ова дело на крајот би можело да има врска со фактот дека гените се вмешани во метаболизамот на кофеин исто како што се вклучени и во метаболизамот на други работи", додал д-р Јован Ј. M. Но, во меѓувреме, луѓето треба да го сметаат кофеинот генерално како многу безбеден.

Значи уживајте. Всушност, прочитајте ја оваа статија пиејќи кафе или чај. :-)

 

 

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

останати статии од авторот>>>

www.doktori.mk, 03.10.2011

Последна вест

Најчитани статии - занимливости