Доктори.мк | Особини на добриот љубовник | osobini-dobar-ljubovnik | Портал за медицина и здравје

Особини на добриот љубовник

специјалист уролог, Специјална болница "Св. Еразмо" - Охрид
професор по "Хирургија со нега" и "Полово образование" на Универзитетот "Св. Климент Охридски" - Битола

Досега во Македонија, не е спроведено ниедно сериозно, односно научно испитување на сексуалниот живот на возрасните (затоа не треба да се чудиме што сме сведоци на неразбирањето или игнорирањето на сексуалноста, како во стручните кругови така и во медиумите, посебно кога се работи за женската сексуалност). Имајќи ги во вид финансиските и методолошките ограничувања поврзани за испитувањето на сексуалноста, нашата студија тргна по друг пат.

Прво, се одлучивме за примероци што се репрезентативни за специфичниот сегмент на македонската популација: жени на возраст од 18 до 50 години што е сексолошки и социокултурно најдинамичен дел на женската популација. Второ, знаејќи дека сексуалноста е сложена и многу интимна работа, чие испитување се судрува со многу потешкотии (срамежливост, лошо памтење, претерување...), се одлучивме за анонимно пополнување на прашалник од 82 прашања.

Во продолжение на рубриката - Неколку вистини за сексуалниот живот на Македонките Ви ги откриваме и следните: 

Ранг-листа на особините на добар љубовник:

Ocобина процент  број на испитани македонки
1. Нежност и стрпливост  32,09% 263 испитанички
2. Љубов кон партнерката 24,51% 201 испитанички
3. Страственост 22,43% 184 жени
4. Сексуална техника  18,06% 148 жени
5. Физичка обдареност  2,91%  24 жени

Што значи ова?

 Жените јасно се изјаснале дека од мажите бараат повеќе нежност и верност, при што нежноста се повторува и како важна љубовна особина.

Љубовта, на второ место на листата, индицира висок степен на поврзаноста на емоциите со сексот, кај нашите испитанички.

Поубавиот или посилниот - кој е доминантен?

Во текот на сексуалниот однос

  • 562 жени (68,54%) сакале да се менуваат со партнерот во доминантната улога,
  • 150 жени (18,29%) сакале партнерот да биде доминантен и
  • 108 жени (13,17%) сакале да бидат доминантни.

"Dirty talks" - Дали жените зборуваат прости зборови?

За време на сексуалниот однос прости зборови

  • не зборувале 64,76% (531 жена),
  • понекогаш зборувале 27,56% (226 жени) и
  • често зборувале 7,68% (63 жени).

Колку знаат пријателите?

Од испитаничките, со пријателите за својот сексуален живот разговарале 

  • 328 жени (40%),
  • 181 жени (22,07%) биле неодредени, а
  • 311 жени (37,92%) воопшто не разговарале.

Дали мажите се трудат доволно околу женскиот оргазам?

  • 618 испитанички (75,36%) се изјасниле дека партнерите доволно се трудат околу нивниот оргазам,
  • 122 жени биле неодредени (14,87%), а
  • 80 (9,75%) биле незадоволни.

Кој е "виновникот" за почнување на сексуален однос?

Најчесто сексот е инициран од

  • двата партнера, во 52,68% (432 жени)
  • Жената била иницијатор во 17,19% (141), а
  • партнерот во 30,12% (247).

Како се чувствуваат жените во врска со предиграта?

Со должината на предиграта биле 

  • Многу незадоволни со должината на предиграта биле 47 (5,73%) жени,
  • незадоволни биле 68 жени (8,29%),
  • неодредени 174 (21,21%) жени,
  • задоволни 206 (25,12%) и
  • многу задоволни 325 (39,63%) испитанички.

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

продолжува . . . 

останати статии од авторот>>>

www.doktori.mk, 06.10.2011

Последна вест

Најчитани статии - животен стил