Други делови од устата
Тесните простори меѓу забите, просторот помеѓу забите и гингивата, неправилните стоматолошки изработки, заостанатата храна, гнојните воспаленија и неисчистените протетски помагала можат да бидат извори на лош здив. Причина за тоа се бактериите кои се насобираат на овие места, се размножуваат и лачат продукти кои ги разградуваат протеините. Уште една причина за лош здив може да биде ксеростомијата (сува уста).
Препорака:
Правилна и редовна орална хигиена и редовна посета на стоматолог