Oмега 3 и кардиоваскуларното здравје

доктор на медицина

Омега 3 масните киселини DHA и ЕPA

Новите истражувања во врска со срцевото здравје ја вклучуваат Омега-3 масната киселина DHA (докозахексаеноична киселина). Најверојатно DHA може да помогне во намалувањето на нивото на Ц-реактивниот протеин (CRP) во крвта кај луѓето кои имаат високо ниво на триглицериди во крвта (хипертриглицеридемија).

Воспалението е процес со кој телото одговара на повреда или инфекција, и научниците откриле дека воспалението може да има клучна улога во кардиоваскуларните заболувања. Според American Heart Association, Ц-реактивниот протеин е протеин на акутната фаза кој се покачува за време на системското воспаление. Се сугерира дека испитувањето на нивото на CRP може да биде еден од начините за откривање на ризикот од срцеви заболувања.

Една студија публикувана во Journal of Nutrition  открива дека „суплементацијата со DHA го намалува серумското ниво на Ц-реактивниот протеин и останатите маркери на восплаението кај луѓето со хипертриглицеридемија”. Се заклучува дека „DHA може да го намали воспалителниот одговор преку менување на крвните липиди и нивниот масно киселински состав”. Суплементите со Омега-3 масната киселина DHA може да ги намалат материите асоцирани со воспалението до 20%, според најновите истражувања.

Исто така, покаченото ниво на Омега-3 масните киселини DHA и EPA допринесува за пониско ниво на маркерот на воспаление поврзан со болести на срцето, наведува новата студија публикувана во European Journal of Clinical Nutrition.

Истражувачите од University of Newcastle во New South Wales наведуваат дека нивото на високо-сензитивниот Ц-реактивен протеин (hs-CRP), независен маркер на воспаление кој се покачува при кардиоваскуларни заболувања, е обратно асоцирано со нивото на DHA (докозахексаеноична киселина) и EPA (икозапентаеноична киселина) во крвта.

„Значењето на оваа студија е во тоа дека индивидуите со високо ниво на плазма концентрација на високо-сензитивниот CRP (> 3.0 мг/л), имаат значително пониско ниво на Омега-3 масните киселини во плазмата“, наведуваат истражувачите, предводени од проф. Manohar Garg.

„Со оглед на тоа дека Омега-3 масните киселини се кардиопротективни, оваа обратна поврзаност со hs-CRP, сурогат маркер за ризикот од кардиоваскуларни болести, го претставува можниот механизам со кој Омега-3 масните киселини се поврзани со намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.“

Широк спектар на здравствени придобивки

Омега-3 масните киселини, посебно DHA и EPA, се поврзани со широк спектар на здравствени придобивки, вклучувајќи намален ризик од кардиоваскуларни заболувања и некои канцери, добар развој на фетусот за време на бременоста, здрави зглобови и подобрено однесување и расположение.

Во оваа студија била набљудувана негативната поврзаност помеѓу нивото на hs-CRP и вкупното ниво на Омега-3, EPA и DHA, со нивото на hs-CRP над 3.0 мг/л асоцирано со значително намалување на концентрацијата на вкупните Омега-3 масни киселини, EPA и DHA. 

„Откривме дека концентрацијата на Омега-3 масните киселини е обратно поврзана со hs-CRP кај здрави индивидуи, кога е групирана во терцили кои ги репрезентираат кардиоваскуларните поени на ризик“, наведуваат истражувачите.

Луѓето со покачено ниво на триглицериди во крвта кои користеле суплементи кои содржат DHA имале пониско ниво на маркери во крвта, како на пример Ц-реактивниот протеин (CRP) и интерлеукин-6 (IL-6), споредено со луѓето кои не користеле вакви суплементи.

Омега-3 масните киселини, особено DHA и EPA (икозапентаеноична киселина), се поврзани со широк спектар на здравствени бенефити, вклучувајки намален ризик од кардиоваскуларни заболувања и некои карциноми, правилен развој на бебето за време на бременоста, здрави зглобови и подобро расположение и однесување.

Kelley, во соработка со научниците од University of California, Davis and the Veterans Affairs Northern California Health Care System, соработувале со 34 луѓе со хипертриглицеридемија (на возраст помеѓу 39 и 66 години) и случајно ги одбрале да земаат DHA суплементи (3 грама на ден) или плацебо од маслиново масло во период од 90 дена.

Двојно слепа, рандомизирана, плацебо-контролирана паралелна студија покажала дека суплементацијата со DHA за 45 дена резултирала со намалена количина на циркулирачки бели крвни клетки (неутрофили) за 11.7% и ова намалување било одржувано до крајот на 90-дневната студија (10.5% намалување).

Бројот на циркулирачки неутрофили бил позитивно поврзан со концентрацијата на Омега-6 масните киселини во црвените крвни клетки и негативно поврзан со нивото на двете EPA и DHA во црвените крвни клетки.

Додека другите маркери на воспалението не биле променети во периодот од првите 45 дена, на крајот на студијата Kelley и неговите соработници покажале дека нивото на CRP се намалило за 15% и IL-6 се намлило за 23%. Исто така, нивото на против-воспалителниот матрикс металопротеиназа-2 се покачил за 7%.

„Како заклучок, DHA може да го намали воспалителниот одговор преку менување на крвните липиди и нивната масно киселинска градба”, напишале Kelley и неговите соработници.

Омега 3 и хроничните бубрежни заболувања 

Од друга страна, луѓето со хронично бубрежно заболување, кое го зголемува ризикот од срцево заболување, почувствувале подобрување во регулирањето на крвниот притисок и срцевиот ритам користејќи суплементација со 4 грама омега-3 масни киселини, според наодите публикувани во Journal of Hypertension.

Според предходните информации од написот, хроничното бубрежно заболување е поврзано со зголемена честота на смрт од најразлични причини, кардиоваскуларни проблеми и хоспитализации. Луѓето со хронично бубрежно заболување се со зголемен ризик од кардиоваскуларно заболување, а еден од модифицирачките ризик фактори го вклучува покачениот крвен притисок (хипертензија).

Со оглед на тоа дека Омега-3 го подобрила крвниот притисок, нивото на липиди во крвта и васкуларната функција, Др.Trevor Moriи неговите соработници ангажирале 85 луѓе со хронично бубрежно заболување (просечна возраст од 56.5 години, просечен индекс на телесна маса –BMIод 27.3 кг/м2) и по случаен избор ги распоредиле да примаат или четири грама на Омега-3  (која содржи 1.840 мг.EPA, 152 мгDPA и1,520 mg DHA) или плацебо во период од осум недели.

Резултатите од двојно-слепата, плацебо-контролирана проба покажале дека луѓето кои примале омега-3 имале 3.3 и 2.9 mmHgнамалување на систолниот и диастолниот крвен притисок и намалување на срцевиот ритам за 4 удари во минута. Понатаму, нивото на триглицеридите се намалило за 24% кај оваа група.

“Овие студии покажуваат дека омега-3 масните киселини го намалуваат крвниот притисок и може да го намалат ризикот од кардиоваскуларни заболувања кај пациентите без диабетес со умерено до средно тешко хронично бубрежно заболување“, наведуваат истражувачите.

Кардиоваскуларен бенефит

  • Науката го подржува фактот дека 500 мг Омега-3 дневно се доволни за кардиоваскуларно здравје.

Цврстите докази од студијата публикувана во  Journal of the American College of Cardiology. која вклучува речиси 40000 учесници, го подржуваат дневниот внес на EPA иDHAна минимум 500 мг дневно за здрави индивидуи, додека луѓето со позната срцева болест или срцева слабост може да имаат корист од минимум 1000 мг. дневно.

“Ова не е реклама, ние имаме огромни и цврсти докази од многу големи студии, меѓу кои некои датираат уште од пред 20-30 години, а ги покажуваат протективните бенефити од омега-3 рибиното масло во повеќе аспекти на превентивната кардиологија“, наведува Carl Lavie,водечкиот автор на студијата и медицински директор на Cardiac Rehabilitation and Prevention воOchsner Medical Center воNew Orleans.

Др.Lavieи неговите соработници забележале дека најсилните докази за кардиоваскуларен бенефит од масните киселини доаѓаат од четири рандомизирани контролни проби со EPAи DHA,кои вклучувале околу 40000 учесници.
“Понатамошни студии се потребни за да се определи оптималната доза и релативниот однос помеѓу DHA иEPAомега-3 полинесатурираните масни киселини кои обезбедуваат максимална заштита на оние кои се со ризик од кардиоваскуларни заболувања, како и во третманот на атеросклерозата, аритмиите и примарните миокардиални заболувања“, заклучуваат истражувачите.

Омега 3 и срцевата слабост

Срцевата слабост, која се појавува во моментот кога срцето не е повеќе во состојба да пумпа крв за потребите на организмот, е водечка причина за хоспитализација меѓу луѓето постари од 65 години, а се карактеризира со симптоми како замор и слабост, отежнато одење, забрзан или неправилен срцев ритам и постојана кашлица и визинг.

Една порција неделно со риби богати со есенцијални масни киселини може да го намали ризикот од срцева слабост кај луѓето, според најновите истражувања од САД и Шведска.

Бенефитот се поврзува со содржината на Омега-3 во рибите, наведуваат истражувачите од Beth Israel Deaconess Medical Center (IDMC) и Karolinska Institute во Шведска во списанието European Heart Journal. Највисокиот внес на морската Омега-3 масна киселина е поврзан со намалување на ризикот од срцева слабост за 33%. Како и да е, поголем внес не покажал дополнителен бенефит.

„Поранешните истражувања покажаа дека рибите кои содржат масни киселини и Омега-3 масните киселини помагаат во борбата против ризик факторите од голем број кардиоваскуларни состојби, како што е намалувањето на триглицеридите, намалување на крвниот притисок, срцевата акција и нејзината варијабилност“, наведува водечкиот автор проф. д-р. Emily Levitan.

„Во поширока смисла, ова може да ја објасни поврзаноста на намалениот ризик од кардиоваскуларни заболувања и одредени карциноми, добриот развој на фетусот за време на бременоста, здрави зглобови и подобрено расположение и однесување.“

Новата студија се вели дека е една од најголемите до сега која ја проучува поврзаноста помеѓу внесот на Омега-3 и срцевата слабост: речиси 40 000 Швеѓани на возраст помеѓу 45 и 79 години биле следени помеѓу 1998 и 2004 година.

Според Levitan и неговите соработници, конзумирање една порција на риба богата со масни киселини неделно може да помогне во намалувањето на ризикот на развој на срцева слабост за 12%, во споредба со луѓето кои не конзумираат риба богата со масни киселини.

Истражувачите ги анализираа податоците од 39 367 средовечни и постари Швеѓани без претходна историја за срцеви заболувања или дијабет. За време на студијата, 597 луѓе развиле срцева слабост, а 34 луѓе умреле.

Како дополнување на трендот за намалување на ризикот од срцева слабост за луѓето кои конзумирале една порција на риби богати со масни киселини неделно, луѓето кои конзумирале просечно 0.36 грама дневно на Омега-3 масни киселини имале за 33% помала веројатност за развој на срцева слабост за разлика од луѓето кои малку или воопшто не конзумирале морска Омега-3 киселина, додава Levitan и неговите соработници.

„Наодите од студијата ги подржуваат претходните опсервации дека Омега-3 масните киселини можат да го подобрат кардиоваскуларното здравје кај здравите индивидуи“, заклучуваат истите.

-aвторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Останати статии од авторот >>>

www.doktori.mk, 25.09.2011

Последна вест

Најчитани статии - фармација