Менопаузален симптом: Сексуални проблеми
Намаленото ниво на естроген во телото доведува до
вагинална сувост и атрофија на вагиналната слузница, што може да го направи сексуалниот однос непријатен и болен. Покрај тоа може да се јави лесна иритација на вагината, зачестено чешање и склоност кон инфекции. Хормонскиот дисбаланс доведува до
плима и осека на либидото, но и многу фактори покрај менопаузата го афектираат “сексуалниот нагон” - стрес, лекови, депресија, несоница, проблеми во врската… Доколку се јават вакви проблеми -разговарајте со Вашиот доктор. Не дозволувате одговорот на прашањето за Вашиот сексуален живот да биде “така-така”. Но, запомнете,
сексуално преносливите болести не завршуваат со менопаузата; се уште треба да се мисли на сигурен секс.