Колку мора да биде голем за да е голем - Свршување

специјалист уролог, Специјална болница "Св. Еразмо" - Охрид
професор по "Хирургија со нега" и "Полово образование" на Универзитетот "Св. Климент Охридски" - Битола

продолжува од Колку мора да биде голем за да е голем – Вашите тестиси

Истражувачите од Данска во 1990 година прицврстиле електроди на мускулите од карлицата на седум мажи, а потоа им рекле да ејакулираат. Научниците се надевале дека ќе ја регистрираат силата што ја создава булбокавернозниот мускул исфрлувајќи го семето низ мочната цевка. Тоа е истиот мускул кој се стега за да ја исфрлите последната капка мочка. Другиот, помалиот мускул, ишиокавернозус, исто така се пали за време на ејакулацијата, но неговата главна функција е да ја стврдне ерекцијата за да пенисот не се повреди додека се турга во вагината. Тие два мускула се независни еден од друг и затоа можете да ејакулирате а да не ви е дигнат, како кога имате полуција.

Што ја активира точката без повраток?

Иако научниците во последните години многу дознале за ејакулацијата, уште малку се знае за тоа што ја активира точката без повраток. Истражувачите со години верувале дека со растењето на обемот на семето се создава притисок во комората од што базата на мочната цевка доволно се растегнува за да го активира дејството на булбокавернозниот мускул. Но, доброволците што земале лекови за блокада на производството на семе и понатака можеле да свршат иако ништо не исфрлуваат. Можно е дејство да има и обемот на семето и некои други фактори, но ниеден нема решавачка улога. На пример, може да се предизвика стегање на булбокавернозниот мускул и со принесување на вибратор на глансот.

Главен „виновник“ – ‘рбетниот мозок

Во барањето на одговорите истражувачите се свртија кон 'рбетниот мозок. Неуробиологот Лик Кулен и неговите колеги во 2002 година откриле дека кога на машките стаорци ќе им се деактивира сноп од неурони во долниот 'рбетен мозок и понатака трчаат по женките, се качуваат на нив и во нив го туркаат својот орган, но не можат да ејакулираат. Испитувањата кај парализираните мажи зборуваат за слични механизми. Ако е мажот парализиран над средината на градниот кош и понатака на допир може да му се стврдне и може да ејакулира (без уживање бидејќи нема пренос до мозокот). Ама, ако е повредата пониска, мажот може да има ерекција, но не може да ејакулира. Ако во човечкиот 'рбетен мозок постои генератор за ејакулација, тој веројатно го координира внесот на еротските чувства се додека, на крајот, не пушти сигнал да мешавината од семето и спермата завземе положба, да го затвори и вратот на мочниот меур и сфинктерот на уретрата и така да го спречи враќањето на семето и активира дејството на булбокавернозниот мускул. Истовремено, во мозокот испраќа експлозија чиј резултат е la petite mort (мала смрт) и друго - среќно стенкање.

Прерано свршување

Секој маж сака да има контрола над рефлексот на ејакулацијата. Кај 1587 парови во просек ејакулацијата дошла по 7,3 минути. Но, некои мажи свршуваат и многу порано, понекогаш ракетата експлодира уште додека ја возат кон рампата за лансирање. Иако фрустрира, предвремената ејакулација обично е привремена, а често е предизвикана од мислата дали ќе ја задоволиме новата партнерка. Но, тегобата може сама со себе да се храни: што повеќе мажот се плаши дека брзо ќе сврши или партнерката го притиска да односот подолго трае (можеби партнерката инсистира да забави), тој побрзо свршува.

Ние сме единствени битија на планетава што се грижиме за издржливоста

Социологот Лоренс Хонг се прашува дали стравот на денешните мажи дека побрзо ќе свршат е депласиран и дали потекнува, можеби, од старата лоза на брзосвршувачи. Крајно, кога еднаш ќе дојде до ерекција, на природата не и е грижа колку ви треба – ние сме единствени битија на планетава што се грижиме за издржливоста. Хонг својата хипотеза ја претставил 1984 година во трудот „Опстанок на најбрзите“ во Journal of sex research. Врз основа на набљудувањата на мајмуните Хонг тврди дека првиот мажјак вероватно бргу не свршувал зашто од женката го оттргнувал конкурентниот мажјак или затоа што ги одбивала женката која во текот на сексот е чувствителна и сака да ги одбегне повредите од агресивецот. Со исклучок на кучињата, лисиците и волците (на кои гениталиите по сексот им остануваат во „клинч“, цврсто меѓусебно се држат), потоа куната златка и некои стаорци (кај кои нема „клинч“), сексот кај цицачите обично е готов за неколку секунди. Никој никогаш не открил дека женката од шимпанзото во дивината зборува прости зборови или му пружа орален секс на партнерот, што можеби објаснува зашто сексот меѓу шимпанзите трае толку колку што е потребно да се прочита оваа реченица. Ако е предвремената ејакулација форма на прилагодување, кажува Хонг, би требало да се загрижуваме само кога тоа ќе се случи пред пенетрација. „Кога мажјаците за прв пат се појавиле од тропските рамнини, савани, како еректуси, еволуцијата не ги обдарила со долгостоечки органи туку со поголема спретност како би можеле женките да ги милуваат со раце и прсти.“

Предвремената ејакулација – предизвикана од наследен фактор?

Главниот проблем во лекувањето на предвремената ејакулација е тоа што таа никогаш не е точно дефинирана. Неколку истражувачи предлагаат да се брои колку пати се турка – шест, осум или 15 – ама повеќето гледаат на сат. Меѓународното друштво за сексуална медицина се согласува дека најтешките случаи на мажи во почетокот на својот сексуален живот па до најновиот однос скоро секој пат свршуваат непосредно пред пенетрацијата или минута-две по пенетрацијата. Таквите случаи можат да бидат наследни, тврди неуропсихијатарот Марсел Валдингер од Хаг, кој открил семејства во кои тој проблем го имаат таткото, браќата, синовите и дедовците.

 

Останати теми од рубриката>>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

 

не пропуштајте да разговарате слободно, отворено и директно на 

>>> Форумот за медицина и здравје - Доктори.мк <<<

www.doktori.mk, 18.09.2011

Последна вест

Најчитани статии - животен стил