Флуориди за превенција на кариес

дипломиран забен техничар-протетичар, студент по стоматологија

коавтор:

Kире Спасовски -студент на стоматологија-

Флуоридите претставуваат најефикасно, најефтино и најбезбедно средство за превенција на забниот кариес. Нивното кариес-протективно дејство е проверено и потврдено во нас 150 истражувања, спроведени во целиот свет.

Што претставува флуорот

Флуорот е гас и припаѓа на халогените елементи и е електронски најелектронегативен елемент од 7тa група на елементи во периодниот систем. Тој е исклучително реактивен, што ретко може да се најде во елементарна состојба. Најчесто го наоѓаме сврзан со други соединенија, за што говориме за флуориди. Во облик на гас го срекаваме во време на вулкански ерупции.

Реагира со сите соединенија но посебен афинитет покажува кон КАЛЦИУМОТ.

 

Облици на флуорот

  • Флуорирано млеко
  • флуорирана сол
  • таблети
  • дентални продукти (во забните пасти, стоматолошките материјали и сл)
  • животински продукти (морски риби, чаеви, вино)

 

Метаболизам на флуоридите

Претставува наједноставен систем, се апсорбираат во желудникот и цревата а се екскретираат преку бубрезите, фецесот и преку екстремно потење.

Околу 99% флуоридите во организмот се наоѓаат инкорпорирани во коските и забите – во калцифицираните ткива. Откако еднаш ќе се инкорорираат во кристалот на коската, тие многу бавно се елиминираат а тоа оди преку  функцијата на остеокластите.

 

Дали флуоридите се токсични?

Секако дека да. При неправилно дозирање и користење на флуоридите можат да се појават токсични ефекти кои дури завршуваат со смрт.

  1. Латентна доза кај воздрасен се движи од 2,5 – 10 грама, просечна 4-5грама
  2. Во случај да е внесена поголема доза од 5 грама како прв антидот се користи калциумот односно се дава млеко, магнезиум или препарати со алуминиум
  3. И кај најпрепорачаната доза може да дојде до единствениот штетен ефект а тоа е денталната флуороза, која претставува последица за естетскиот изглед и јавното здравје.
Последица од умерена флуороза-појава на бели дамки на предните заби
 

Дејство

Главното дејство на флуоридите е попречување на ширењето на забниот кариес при процесот на деминерализација.

  • Сите постапки на флуоризација, како и флуоризацијата на водата, формираат ниски нивоа флуоридни јони во плунката и наслагите, иако се засилува акутното дејство или површинското дејство. Личноста, која живее во област со флуорирана вода може неколку пати во денот да почувствува зголемување на составот на флуориди во плунката до околу 0.04 мг/л. Формално, овој флуорид не штити од кариес, туку го контролира нивото на кое кариесот се развива. Водата за пиење е најголемиот извор на флуориди. Оптимална концентрација на флуоридите во водата изнесува 1ppm.

Други терапии со флуориди се исто така ефикасни за заштита од расипување на забот, меѓу кои спаѓаат флуоридна паста за заби, средства за плакнење уста, гел и лак, и флуоризација на солта и млекото.

Денталните залевачи (силанти) се исто така ефикасни, со проценет степен на заштита од кариес од 33% до 86%, зависно од староста на залевачот и видот на студијата.

  • Флуоридната паста за заби е најупотребувана и строго оценето лечење со флуориди. Нејзиното воведување во раните 1970-ти се смета за главната причина за намалувањето на расипувањето на забите во земјите во развој, а таа паста за заби е единствениот фактор во земјите каде опаѓа расипувањето на забите. Пастата за заби е единствената постоечка стратегија во повеќето сиромашни држави. Меѓутоа, тоа зависи од однесувањето на поединецот или семејството, а нејзината употреба спаѓа во помалку привилегираните, бидејќи во сиромашните земји луѓето не можат да си ја купат. Флуоридната паста за заби заштитува околу 25% од појава на кариес кај младите трајни заби, а нејзината ефикасност се подобрува доколку се употребува повисока концентрација на флуориди или доколку се контролира миењето на забите.
  • Флуоридните средства за плакнење уста и гелот се исто толку ефикасни како и флуоридната паста за заби. Флуоридниот лак заштитува околу 45% од појава на кариес. Споредено со тоа, миењето заби со нефлуоридна паста за заби има мала ефикасност против кариесот.
  • Ефикасноста на флуоридираната сол е скоро иста како флуоридираната вода, доколку поголемиот дел од солта за јадење е флуоризирана. Флуоризираната сол ја опфаќа потрошувачката на сол во домаќинствата, во оброците во училиштата и големите кујни и во лебот. На пример, Јамајка има само еден производител на сол, но сложен јавен систем за водоснабдување. Флуоризирањете на солта започнала во 1987 година и достигнала значаен пад на појавата на кариес.

За да се постигне ефикасна заштита од кариес, флуоридите треба да се внесуваат секојдневно во оптимални количества, во тек на целиот период на формирање на забите - од раѓање до 14-тата година. Оптимално количество флуориди е потребно и во текот на целиот живот, не само за заштита на забите туку и за здравјето во целост.

  • Употребата на таблети со флуор се покажа како неефикасна мерка, бидејќи пациентите не ги пијат таблетите редовно и губат интерес за ваков начин на заштита. Но правилното дозирање според некои истражувања покажуваат помала преваленца на кариес како на млечните така и на трајните заби.
  • Флуорирање на млекото – Претставува квалитетна алтернативна метода, со која се добива и нутритивен и кариес протективен ефект. Во светот флуорираното млеко децата го пијат до 12 години.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцјални цели и/или реемитување-

 

Останати статии од авторот >>>

 
www.doktori.mk, 16.09.2011

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија