Anorexia nervosa - да се умре за витка става

Дали битката за витка става го загрозува твоето здравје?

Не треба да не изненади доколку е така - Анорексија (anorexia nervosa) има највисока смртност од сите состојби и болести на психата. Додека повеќето од нас сметаат дека анроексијата е проблем со јадењето, всушност забораваат дека во нејзината основа лежи психичко нарушување. Луѓето со анорексија страдаат од извртување на сопствената слика. Тие се доживуваат како постојано прекумерно дебели, дури и кога се навистина потхранети. Поради извртената перцепција за својот изглед тие континуирано се фокусираат на намалување на својата телесна тежина, ограничувајќи го внесот на калории и паралелно со тоа на хранливи материи.

Воедно за побрзо да стигнат до "целта" често тие се претерано физички активни, злоупотребуваат разни препарати и таблети за слабеење или пак самоволно предизвикуваат нагон за повраќање во обидот да скратат од калориите и да ја намалат тежината.

 

 

Непрекинатото изгладнување има разрушувачки последици врз здравјето. Со текот на времето и напреднувањето на состојбата луѓето со анорексија имаат низок крвен притисок, намалена срцева фреквенција, забавен раст и развој, ослабен имунитет, нарушувања поврзани со забите и ослабување на коските.

Доколку остане нелекувана, таа ќе Ве победи - телото се предава на буквалното гладување и реално може да води кон смрт.

Иако појавата на оваа состојба е мултифакториелна, односно нема единствена причина за нејзино настанување, истражувањата ги посочуваат луѓето склонии кон перфекционизам, депресија или анскиозност како група под зголемен ризик. Понатаму фактите зборуваат дека 90% од луѓето со анорексија се жени или девојки во адолесцентниот период. Сепак имајте на ум дека остануваат уште 10 % и тука може да бидете Вие илибило кој друг од вашата околина. Истражувањата покажуваат дека под зголемен ризик се жените кои се занимаваат со професија или спорт во кој се истакнува физичката тежина и големина. Такви се моделирањето, гимнастиката или балетот.

За крај

Без разлика на причината, доколку сметаш дека ти или некој од твојата околина страда од ова психичко нарушување, желбата за промена сама по себе нема да биде доволна. Неодложното советуување и здравствена нега од страна на лекар може да биде животоспасувачко.

 

 

>>> Споделете ја вашата приказна<<<

не пропуштајте да разговарате слободно, отворено и директно на 

>>> Форумот за медицина и здравје - Доктори.мк <<<

www.doktori.mk, 12.09.2011

Последна вест

Најчитани статии - медицина