продолжува од Колку мора да биде голем за да е голем - Обрежување
Да се знае, ниеден маж не си ги почешал јајцата туку само кожата (скротумот) во која висат две лизгачки 2,5 см широки јајца (тестиси). Десниот тестис обично е за 5% поголем од левиот иако во 85% од случаите левиот тестис виси пониско од десниот.
Кога Ви е студено, tunica dartos која се наоѓа веднаш под тенката кожичка на скротумот и одговорна е за нејзиниот набран изглед, се стега и ја влече скроталната вреќа нагоре кон потоплите краишта. Ако, пак, тестисите Ви се прегреат, скротумот се поти и испушта топлина. Научниците сметаат дека здравата сперма полесно се создава на температура пониска од телесната. Сé што може да ги загрее вашите тестиси на температура поголема од 34 степени може да им нанесе штета. Студиите покажале дека на мажите што носат тесен долен веш, држат лап-топ на колена, носат мобилен телефон во џеп, работат како возачи на камиони или како таксисти, спермата им пропаѓа.
Одредени биолози сметаат дека дека кај луѓето скротумот се развил за да ја очеличи спермата на патот кон вагината. Други се прашуваат дали вреќичката што удира по телото на партнерката го стимулира клиторисот за време на пенетрација одзади, што ги зголемува шансите жената да доживее оргазам и така да ја турка спермата. Останатите биолози ги интересира дали причината што постојат скроталните вреќи е притисокот во стомакот, бидејќи ако ги нема спермата би течела.
Минатата година тим од научници, под водство на Теди Ху од Стенфорд, го испитувал патот на генетските мутации што допринесол за создавањето на скротумот кај луѓето. Во нив својата, на температура чувствителна сперма ја чуваме на студено-крвна температура и истовремено ги собираме плодовите на топло-крвната егзистенција (на пример поголема подвижност, побрзи рефлекси, способност на преживување на студено). Тимот открил важни индиции во геномот на австралискиот клунаш, кој има крзно и млечни жлезди, ама несе јајца како влекачите. Тој чуден цицач има ген ins-13 поради кој кај луѓето тестисите се спуштаат во скротумот веднаш по раѓањето. Бидејќи телесната температура на австралискиот клунаш е девет степени пониска од нашата нему не му треба да му се ладат тестисите и тие остануваат близу до неговите бубрези. Тоа зборува дека првиот скротум се создал пред 170 милиони години кога монотрематите (австралискиот клунаш и боцкастиот мравојад) се одвоиле од останатите цицачи. Паѓа в очи дека одредени гени поради кои јајцата се спуштаат во скротумот се наоѓаат и кај жабите, влекачите и птиците, што упатува дека скротумот е стар 315 милиони години и дека потекнува од нашиот заеднички рибен предок.
продолжува. . .
-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-
Слободните радикали, уште познати и само како радикали се органски молекули одговорни за процесот на стареење, за оштетувањето на ткивата и за настанувањето на некои болести.
Како настануваат и дали може да се заштитиме од нив...
Интернационалниот ден на медицинските сестри се слави на 12 Мај во чест на денот на раѓањето на веројатно најпознатата медицинска сестра во историјата – Флоренс Најтингејл.
...Контактирајте го нашиот тим