Како реагира организмот при стресни ситуации? – Видео анимација

При стресни ситуации за организмот, се вклучува автономниот нервен систем и покренува низа неуробиолошки процеси со цел да ја зачува хомеостазата на истиот.

Оската хипоталамус – хипофиза - надбубрежни жлезди и стрес-хормоните

Главна улога во одговорот на организмот на стрес има оската хипоталамус – хипофиза - надбубрежни жлезди. Автономниот нервен систем (поточно симпатикусот) го стимулира хипоталамусот да го излачи неуропептидот кортикотропeн рилизинг фактор (CRF – Corticotropin Releasing Factor). Овој фактор ја активира хипофизата, при што жлездата-генерал на нашето тело го ослободува адрено-кортикотропниот хормон (ACTH – Adreno-Corticotropic hormone) во циркулацијата. ACTH потоа испраќа порака кон надбубрежната жлезда за излачување на стрес-хормоните. Кортексот на надбубрежната жлезда го ослободува во циркулацијата кортизолот, додека медулата – адреналинот (епинефринот) и норадреналинот (норепинефринот).

Овие стрес-хормони ја забрзуваат срцевата работа, го зголемуваат крвниот притисок, ги шират дишните патишта и го зголемуваат нивото на глукоза во крвта, со што му овозможуваат на организмот да биде подготвен во стресната ситуација.

Во следната видео анимација се прикажани неурохормоналните процеси кои настануваат во организмот при стресна ситуација:

www.doktori.mk, 10.09.2011

Последна вест

Најчитани статии - медицина