Третман на пореметувања на мозочна циркулација - осврт кон piracetam/cinnarizine

доктор на медицина

Исхемична болест на мозокот

Зголемувањето на бројот на старите лицата  во последните децении во популацијата доведува до зголемување на заболувања карактеристични за оваа возрасна група, во тој ред и исхемичната болест на мозокот. Зборот „исхемична болест на мозокот“ е предложен заради обединување на различни акутни и хронични исхемични нарушувања, во основата на кои лежи несоодветност меѓу метаболичките потреби на мозочното ткиво и субстанциите доставувувани преку крвотокот  во мозокот.

Исхемичните нарушувања на мозочниот крвоток ги вклучуваат акутните (транзиторни и трајни нарушувања на мозочниот крвоток) и хроничните форми. На развојот на акутните пореметувања на мозочната циркулација му претходат хронични,  долготрајни промени во мозокот, во основата на кои лежи прогресивно влошување на мозочна циркулација и промените во мозочниот метаболизам.

Лекување

Лекувањето на хроничната цереброваскуларна инсуфициенција треба да вклучува лекување на основното заболување (атеросклероза, артеријална хипертензија, срцева патологија, дијабет итн.), корекција на основните синдроми, подобрување на церебралната хемодинамика, реолошките својства на крвта и метаболичка терапија.

Многу значајно е корегирање на реолошките својства на крвта. Примената на антокоагулантните препарати  индицирано е при зголемена  агрегациона активност на тромбоцитите и еритроцитите. Истовремено во таквите случаи пушачите треба да прекинат со пушењето или да го намалат бројот на испушените цигари. Најчесто се ординира ацетилсалицилната киселина, дипиридомол,  пентоксифилин, cinnarizine, клопидогрел, тиклопидон во индивидуални дози. При приемот на овие препарати или при промената на препаратот треба повторно да се контролираат параметрите на спонтана и индуцирана агрегациона активност на тромбоцитите и еритроцитите. Возможна е исто така и примена на препарати на никотинска киселина, но треба да се внимава на можна појава на тахикардија, непријатни сензации во прекардијалната област и зад градната коска и отежната венозна дренажа од краниумот.

Покомплицирана е корекцијата на зголемениот вискозитет на крвта и плазмата. За нормализирање на овие параметри се препорачува да се оптимизира внесот на течноости, да се намали или да се престане со пушењето и консумирање на алкохол, да се нормализира артеријалната тензија. Треба да се забележи дека постоечката дислипидемија ги влошува реолошките својства на крвта и го отежнува нивното нормализирање, затоа кај такви пациенти истовремено со ординирање на антиагреганти неопходно е да се применуваат препарати, кои го намалуваат нивото на холестерол, а исто така и диета.

Антикоагулантите се ординираат при аритмиите со постоечки тромб во левата половина на срцето според електрокардиографија.  Се претпочитаат антикоагулантите со индиректно дејство.  При изразени атеросклеротски промени на arteria carotis interna (стеноза повеќе од 70%) истовремено со антиагрегантите и липидокоригирачката терапија (диета, статини) доаѓаат во предвид и реконструктивни операции на овие артерии.

Истовремено со препаратите, кои влијаат на артеријалната тензија и реолошките својства на крвта, големо место во лекувањето на хроничната цереброваскуларна инсуфициенција имаат средства, кои влијаат и на метаболизмот. Примената на овие препарати дозволува да се подобрат метаболните процеси во мозокот, да се намалат акутните и трајните последици на исхемијата како развој на прекумерна синтеза на азот оксид, оксидативен стрес, зголемена пропустливост на хематоенцефалната бариера, активацијата на микроглиа, нарушувањето на микроциркулацијата и трофичка дисфункција. За таа цел се применуваат ноотропни и аминокиселински препарати, неуромедијатори (глицин, семакс, piracetam, актовегин, глиатилин и др.)

Истражувањата, спроведени во текот на последниве години, дозволиле да се формулираат тврдења за динамичниот карактер и потенцијалната реверзибилност на церебралната исхемија и соодветно, за неопходноста од преземање мерки за воспоставување на мозочен крвоток и заштита на мозокот од исхемична повреда.  Во светлото на овие сознанија, еден од перспективните методи, кои се насочени на подобрување на мозочната крвна циркулација, е примена на вазоактивни препарати кои регулираат систем на хемостаза, во комбинација со невропротекција и влијание на мозочниот метаболизам.

Вазоактовен препарат, кој истовремено го регулира и системот на хемостаза, е cinnarizine, а препарат, кој ефикасно влијае на мозочниот метаболизам - piracetam.  Во последно време посебно внимание се дава на комбинираните препарати, кои ги подобруваат како циркулацијата, така и метаболизмот во мозочното ткиво.

Дијагнозата на исхемичен мозочен удар се базира на анамнестички податоци, невролошки преглед, КТ или МРИ на мозок.

 

Oсврт кон лекувањето со комбинација на piracetam и cinarizine

Примената на piracetam / cinnarizine е проследена со позитивна динамика на субјективните и објективните симптоми. Субјективно, пациентите забележуваат подобрување на општата состојба, зголемување на активноста и тонусот, намалување на  главоболката и вртоглавицата, чувство на „просветлување “ во главата, поактивно ги следат инструкциите. Позитивниот ефект од лекувањето во сферата на когнитивните пореметувања се карактеризира со тоа што пациентите попрецизно ги исполнуваат инструкциите, побрзо се вклучуваат во задача, полесно преминуваат од исполнувањето на една задача кон друга, со подобрување на вниманието во текот на реализацијата на задачата. При процената на повисоките кортикални функции била забележана побрза динамика на обновување на говорните пореметувања, во прв ред, се подобрува спонтаниот говор, активноста на вклучување во процесот на говор, се обновува семантичката структура на говорот, пациентите се поактивни на логопедските вежби. Ова се совпаѓа со подобра динамика на овие функции при анализата на говорните пореметувања по „Скандинавската скала на иктуси“. Кај пациентите со локализација на исхемичен процес во вертебро-базиларниот систем и со развој на системското вертиго се забележува напредок.

По спроведеното лекување се констатира тенденција кон зголемување на систолната и средната брзина на крвниот проток најпрво во основната артерија, а исто така во средната, предната и задната мозочна артерија. Забележана е статистички веродостојна позитивна динамика на пулсациониот индекс во средната мозочна артерија и на коефициентот на реактивност на крвотокот во средната мозочна артерија како одговор на хиперкапнија после завршување на лекувањето. Освен тоа, се намалуваат и знаците на дисциркулација во венските плексуси во вертебро-базиларниот систем.

По лекување со комбинацијата piracetam/cinnarizine индикаторите на спонтана адхезија и агрегацијата со адреналин, АДП и колаген се намалуваат.

Позитивниот ефект од примената на комбинирана терапија на piracetam / cinnarizine е изразен најпрво со побрза динамика на возобновување на повисоките кортикални и когнитивни функции, а исто така и на одделни индикатори на церабралната хемодинамика, спонтана и индуцирана тромбоцитна агрегација. Максимален клинички ефект се забележува при говорните пореметувања. Кај пациентите на терапија со piracetam / cinnarizine  најпрво се подобрува спонтаниот говор, активноста на вклучувањето во говорниот процес, се воспоставува семантичката структура на говорот – се забележува позитивна функционална реинтеграција на говорните центри – како резултат на комбинираното подобрување на циркулацијата (cinnarizine) и метаболизам (piracetam) во говорната Брокова и Веникова зона, а исто така во гирус Geshl во левата мозочна хемисфера.

Синергистичката комбинација на piracetam / cinnarizine има метаболно и вазоактивно дејство, ја интензивира енергетската размена, дава неуропротективен ефект, зголемува резистентност на мозочните клетки кон хипоксија, олеснува  проток на импулсите во синапсите, дава вазодилатирачки ефект по пат на блокирање на калциумовите канали од L-типот. Освен тоа, cinnarizine влијае на реолошките својства на крвта, намалувајќи ја спонтаната и индуцираната агрегација на тромбоцитите и подобрувајќи ја еластичноста на мембраната на еритроцитите.

Истражувањата, спроведени од неуролозите (Бојко и коавт., 2002) покажале, дека употребата на piracetam / cinnarizine го намалува интензитетот на субјективната симптоматиката, ги подобрува кинестетичките тестови и когнитивните функции, параметрите на квалитетот на животот, социјалната адаптација на пациентите, во чиј што број се и постарите пациенти со хроничната цереброваскуларна инсуфициенција.

Комбинацијата  piracetam / cinnarizine има антихипоксичко, матаболичко (ноотропно) и вазодилататорно дејство. Притоа, таа може да дава нормотимичен ефект заради тоа, што седирачко дејство на cinnarizine го дополнува активизирачки ефект на piracetam. На моделите на експерименталанта хипоксија било покажано, дека применета на комбинацијата piracetam / cinnarizine дава изразено антихипоксичко дејство, кое е поголемо од истото при примена на двете компоненти одделно.

Во врска со ова индикациите за примена на комбинацијата piracetam / cinnarizine се нарушувања на мозочната циркулација, последици од кранијални трауми, астенонеуротски синдром (раздразливост, хипотимија); енцефалопатии од различно потекло со дифузни и/или жаришни промени на мозокот и нарушувања на интелектуално-мнестичките функции, како и минимална мозочна дисфункција со задршка на интелектуален развој кај децата.

Од сето досега наведено произлегува позитивна препорака за piracetam / cinnarizine како комбинација за лекување во акутен и ран рехабилитационен период на мал и неинвалидизирачки мозочен исхемичен удар, кој е пропратен со говорни и умерено изразени когнитивни пореметувања.

 

*овој лек е регистриран и во нашата земја - повеќе информации во официјалниот регистар на лекови - линк 

www.doktori.mk, 09.09.2011

Последна вест

Најчитани статии - медицина